Се наближува „Нова година“ и Новогодишните празници, а домовите на познатите веќе се уредени и владее новогодишниот амбиент. Да не е манекенка, сопругата на Огнен Амиџиќ, Даниела Димитровска може да биде дизајнерка за ентериер.
Даниела само го уредила станот каде што живее со сопругот Огнен и синот Матеј. Моделот на социјалните мрежи сподели неколку фотографии и покажа како изгледа новогодишната атмосфера во домот на познатиот пар.
Во домот каде што преовладува бела боја, Даниела го украси со новогодишни детали со златна, црвена и зелена нијанса.