Поранешната ракометарка на Вардар и репрезентативка на Германија, Ања Алтхаус, изминатиот викенд „рипна во тавче“ и се омажи за Македонецот Дино Балиќ. Таа на социјалните мрежи објави неколку фотографии од свадбата која се одржи во Скопје.
Нејзина старосватица беше познатата модна креаторка, Јована Филиповиќ. Откако си замина од Вардар, таа една сезона настапуваше во унгарскиот Ѓер со кој стана европски шампион, по што ја заврши кариерата.
Оттогаш живееше на релација Македонија – Германија, но сега веројатно ќе остане во Скопје. Балиќ, пак своевремено беше познат по врските со пејачката Каролина Гочева и манекенката Наталија Грубовиќ.
Инаку Дино беше уапсен кон средината на септември, 2011 година во Германија, откако Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по него.
МВР иако поднесе кривична пријава против Балиќ и уште негови четворица соработници за шверцување на брендирана облека што ја продавал во својот бутик „Република дела мода“ во Градскиот трговски центар, но Дино успеа да побегне.
Балиќ и неговите соработници во 2008 година набавувале гардероба од словенечка фирма и не плаќале царинска контрола.