Дарко Лазиќ со насмевка проговори за лекувањето: Наскоро следат убави вести

0

Дарко Лазиќ, кој веќе неколку дена се наоѓа во бањата Селетер, насмеан и расположен оди на терапиите. Најтешките денови по сообраќајната несреќа веќе се зад него, а во следниот период му претстои процес на рехабилитација.

Пејачот, после животната агонија и борбата за живот, има голема желба да застане на нозе, а во тоа му помагаат физиотерапевтите и лекарите во бањата. Од него не се одвојуваат мајката Билјана и девојката Марина. Пејачот пред камерите на српски Курир открил дека е среќен што е жив и дека свесен е дека треба целосно да го промени својот живот.

-Одиме на подобро, ќе застанеме на нозе!Презадоволен сум од физиотерапевтите и лекарите и веќе подобро се движам-рекол Дарко, кој не ја симнува насмевката од лицето, додавајќи дека од се што му се случи, ја научи лекцијата.

-Памет во глава наредниот пат, а најблагодарен сум на мајка ми, па на сите други. Едноставно човек се опаметува кога ќе доживее нешто вакво-рекол пеајчот. Дарко открил дека бил пресреќен кога му кажале дека Марина е трудна.

-Бев пресреќен и не ми е важно кој пол е-додал Лазиќ.

Претходна статијаМакедонците се на потег: Австрија бара работници – пред се келнери, градежници…
Следна статија(ВИДЕО) И од Сергеј се најде посергеј – Камионџијата Дарко го коментира изгледот на Варошлија