Македонците се на потег: Австрија бара работници – пред се келнери, градежници…

0

Во Австрија листата на дефицитарни професии се проширува на 45, наместо досегашните 27 струки на работници кои работодавците очајно ги бараат и се потребни од земјите кои не се членки на ЕУ.

Ќе се воведе посебен картон за квалификувани клучни работници, кои итно ги бараат домашните компании, но и да се тргнат бирократските пречки како што се неколкугодишно професионално искуство и завршена обука, најмалку 3.078 евра месечна бруто заработка кај работодавачот, долгорочен договор за закуп на престојувалиште итн.

Покрај бројните технички занимања како заварувачи и електроинженери, на пример, се додаваат и готвачи, кои итно се потребни во многу туристички региони. Фалат келнери, сметководители, ѕидари и касапи, итн…

поред последниот извештај на австриската агенција за вработување, во Австрија престојуваат повеќе од 1 милион и 200 илјади странски државјани. Половина од нив потекнуваат од земјите кои не се членки на ЕУ, а околу 317 илјади странци потекнуваат од земјите на поранешна Југославија. Врз основа на официјалната статистика, во Австрија моментално претстојуваат околу 23.000 Македонци.

Претходна статијаУтре е Пресвета Богородица – овие работи не треба да ги правите
Следна статијаДарко Лазиќ со насмевка проговори за лекувањето: Наскоро следат убави вести