Миле Китиќ околу наводната врска на неговата ќерка со Раста

0

Атрактивната наследничка на Миле Китиќ и Марта Савиќ, Елена, на големо настапува и пее, а како бомба одекна веста дека бричината за љубовниот бродолом на Ана Николиќ и Раста е виновна неговата ќерка Елена.

Миле за Српски Ало се огласи на темата, па порача:

-Знам дека соработува со Раста, дека и работеше песни и уште ги прави, но мислам дека тука нема место за љубовна приказна. Таа се забавува со еден фудбалер, други момци не ја привлекуваат, макар што никогаш не се знае, вели искрено пејачот и додава:

-Не знам дали има вистина во тоа, јас не сакам да се плеткам, ниту ме интересира. Таа е возрасна и мислам дека има други цели. Со Раста работеше на една песна, а моментално подготвуваат друга.За емотивните врски не разговара со мене, ниту јас ја прашаувам на таа тема.

Таа има 21 година, таа одлучува со кој да биде. Изборот е нејзин и никогаш нема да се мешам, вели Китиќ и додава дека тој, доколку Елена навистина е во врска со Раста, тој нема да се противи.

-Ако е среќна, тогаш сум и јас, вели Миле Китиќ.

Претходна статијаМесецов се спремаме за голема македонска слава: Една работа не смеете никако да правите
Следна статија2019-та им носи успех во кариерата на овие хороскопски знаци