Колку сте дволични вие нашинци во дијаспората, особено Америка – се пењавите по нет а си ги сменивте имињата

0

Галама здраво. Ги читам ова нашинциве од Австралија, Америка, Германија, Швицарска и не можам да им се изначудам на паметот. Остај тоа, ми предизвикаа револт. Ќе бидам можеби жесток, однапред им се извинувам доколку некој се навреди, но ќе им го кажам.

Мојот чичко, на татко ми прв братучед се вика Благоја, но сега на нет името му е Бил. Неговиот другар Христијан, сега е Крис, а Стефан – Стив и.т.н. Колку сте смешни бре нашинци. Па вие сопствените имиња ги имате сменето, а се пењавите по нет, таму од преку барата, за името на Република Македонија.

Шо не си дојдете бе нашинчиња тука, шо не си ги вратите имињата, така како што сте се викале во Драчево, Бистрица, Логоварди, Дрслајца, Горно или Долно Дупени. Во кој филм сте влезени, што глумите. Па вие сте жива трагедија. Се понижувате таму, црнчите за некоја ситна дневница колку да преживеете. Вратете си се тука, продолжете да си ги работите нивите како порано и тогаш ќе имате потполно право да го дигнете гласот против промена на име, но и за сите останати случувања во нашата татковина.

Па свесни ли сте вие нашинци во дијаспората, дека речиси без исклучок живеете во НАТО. Свесни ли сте дека живеете во главниот член на НАТО, САД, или Германија, или Франција. А се дерете на фејс против НАТО. Дај прочитајте се малку што пишувате и бидете самокритични и доблесни. Ако сте толку против НАТО, зошто таму кај што сте не го дигнете гласот против Алијансата, туку ќутите како глувчиња.

Не само за тоа, си ќутите како бајчиња за сè. Не смеете да писнете. Имате уплав од “Тикет” (казна за сообраќаен прекршок). Ѓубре по улици знаете да фрлате само тука, таму ви е страв дури и да плукнете на улица. Единствено место каде што малку од малку се опуштате се местата за молитва, црквите, каде или играте пагански ора, или се расправате за политика во затворен, гетоизиран круг. Заб ќе ве фати, трпите болка да не дадете таму 100 долари или евра, бидејќи тука ќе се исценкате за 500 денари.

Тука си доаѓате на лето и тоа не секое (кошта патот), да потрошите некои 500-600 долари, притоа мислејќи дека сте големи фраери, со тие ваши демоде бродарици, шарени бермуди и тоа акцентот селско-амерички кој намерно го потенцирате. Еве јас ќе ви кажам, за потсмев служите. Бидејќи вие сте ги напуштиле македонските села, но тие не ве напуштиле вас.

С.П.

Името и презимето познати на редакцијата. Авторки текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама. Редакцијата на Галама не мора да се согласува со содржината на текстовите кои ни ги испраќаат нашите читатели.

Претходна статијаДино досега има увезено 70 Застава 101 во Германија, му ги купуваат како алва (ВИДЕО)
Следна статијаЧетири хороскопски знаци кои ќе ја најдат сродната душа во 2019