Цеца и подарува уште еден скапоцен подарок на снаата – нема да верувате каде ќе зимува парот

0

Балканската мега ѕвезда Цеца не ја крие радоста поради свршувачката на нејзиниот син Вељко со неговата избраничка Богдана Родиќ.

Таа откако ја побараа нејзината рака од семејството и подари скапоцен часовник вреден 10 илјади евра, но очигледно тоа не било се од пејачката.

Цеца се одлучила Богдана и Вељко да ги почести со едно убаво патување кое парот дефинитивно ќе го памети до крајот на животот.

-Ќе ги носам во Мексико на 3 и 4 јануари каде што имам настап, желба ми е да ги почестам со едно убаво патување и првите јануарски студени денови да ги поминат во тропски рај. Ќе ни биде супер, вели Цеца за српските медиуми.

Претходна статијаПознато што ќе се случи со Македонците што се во процедура за вадење бугарски пасош
Следна статијаИван Исцелител: Другарка на Дарко Лазиќ ме замоли, се помолив и тој се разбуди (ФОТО)