На социјалната мрежа Мета, од неодамна се појави профил со името и презимето на поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Но, ако се погледне подобро, името на Груевски е напишано со C, NiCola, наместо NiKola.
Патем, Груевски има своја фан страна со преку 100 илјади следбеници, преку која комуницира со јавноста.
Веројатно многумина ова не го забеележаче и му понудиле пријателство на лажниот профил, чија цел е најверојатно да дојде до политички информации, кои со него би ги споделиле во инбокс, оние кои не забележале дека профилот е лажен.