Во првата недела од постите, фолк дивата Сузана Спасовска ова го обзнани на фановите (ВИДЕО)

0

Сузана Спасовска во овој период најмногу сака да биде баба на Клара, која има две години. А инаку нашата пејачка, многу епитети заслужила низ 35 годишната кариера, почнувајќи од Сузе национале, златното грло, македонскиот славеј и со право.

Инаку, Сузана ужива во времето поминато во „Танец“ каде што работи, не сака многу време да поминува на социјалните мрежи, објави Женски магазин во една прилика, а Сузана во ова интервју меѓудругото има изјавено:

– И оние кои биле пред мене, нашите големи легенди не биле доволно испочитувани во времето во кое живееле.

Сите ние не можеме сите награди и признанија да ги добиеме додека сме присутни на земјата, додека живееме, но јас воопшто не се заморувам со тоа.

Мене ми е најважно да оставам материјал, проект, музика зад себе, за да можат другите генерации да видат што сè се работело во едно време.

Како ние што сме учеле од нашите легенди, тие ако не ни ги оставеле тие песни на некои носачи на звук, ние немало да можеме даги слушаме, да ги обновуваме да ги пееме денес.

Така и јас сакам да оставам само еден белег во времето во коешто живеам. Како што земам од музиката, така сето тоа повторно го враќам назад, во проектите, значи вложувам , од првиот момент многу вложувам.

Не само што се вложувам себеси како личност, со многу откажувања од многу работи во животот, многу се вложувам себеси, а вложувам и финансиски. Она што јас ќе го земам од музиката, јас повторно го враќам во музиката.

Како што се раѓаме, растеме понатаму, а животот се состои од промени. Ако би можела да се вратам назад веројатно би променила доста работи, коишто сепак би ми олесниле за чекорењето напред. Сепак, животот е тој којшто не носи само убави работи.

Некогаш се случуваат и неубави работи коишто сакаме да ги избришеме, но не можеме да ги избришеме.

Сите тие искушенија, дали приватно или во работата ме направиле посилна, поздржлива, човек којшто верува во иднината, којшто не се откажува така лесно при првиот пад.

Едноставно се чувствувам силна и мудра. А, ако не биле сите тие искушенија, и сите те препреки низ кариерата и низ животот, веројатно оваа Сузана ќе била една поинаква Сузана.

Во музичкиот дел, има некои композиции кои сега не разбирам зошто сум ги направила. Но, сепак тоа било дел од тоа време, и размислувања од тоа време. Зашто не размислуваме исто кога сме млади, и кога сме веќе повозрасни.

Но, јас повеќе работи би ги избришала од приватниот живот, затоа што премногу време сум подарувала на луѓе коишто не ја заслужувале мојата љубов, не го заслужувале моето друштво, едноставно сум можела да го вложам тоа време во нешто многу подобро.

Кога си млад не можеш да бидеш толку мудар. Чекориш напред и во чекорењето можеш и некаде да се сопнеш“, кажала Сузана, а потоа, си кажала искрено како ја одржува линијата, а инаку, нашата пејачка топ изгледа на своите 58 години.

– Сакам балансирана исхрана, не се преоптоварувам со храна, не сум некој кој знае каков гурман. Јадам тогаш кога самиот организам ќе ми каже дека ми треба храна. И важно е тоа дека колку што можам повеќе пешачам.

Некогаш, Теона ќе ми каже: Мамо, ај да те однесам до таму. Не, викам, ти оди со кола, јас ќе одам пешки. Сакам да пешачам, мене тоа ми го ослободува умот. Како некоја медитација ми доаѓа.

И навистина сум нерасположена кога знам дека немам вишок килограми,а на ТВ кога ќе се видам изгледа како да имам барем 7-8 килограми повеќе.

Јас можам да променам килажа само кога јадам руска салата со кифлички за Нова година, бидејќи не можам да оддолеам, бидејќи од мала ја сакам руската салата мама кога ја прави, и тоа не се променило.

Сè се менува, тоа не се менува. И, кога ќе отидам на турнеја во Австралија, нели нашите таму, секој на ручек ќе те викне, на вечера, и можам да ставам две кила повеќе. Тоа се два моменти кога може мојата килажа да се смени.

Инаку, тоа ми е килажата, 59 ипол кила, еве да заокружиме на 60. Јас имам некој свој режим, не е некој посебен, едноставно како што ми бара организмот. Сега е модерно да се гладува или да се јаде во одредено време.

Меѓутоа јас својот режим на исхрана уште кога сум била помлада сум си го наметнала самата на себе бидејќи сум имала потреба. 24 часа пред настап јас не јадам. Пијам само вода и по некое кафе.

Пред настап, пред снимање, во живо кога пеам, па дури и кога сум на плејбек, снимање на емисии и слично, јас сум 24 саата на вода. Не е ова со не знам каква намера да бидам слаба или слично, така ми е полесно, затоа што имам повеќе енергија, поподвижна сум пополетна сум“, изјавила Сузе.

Кога се споменува пост на вода, токму сега се велигденските пости, кои во најголем дел, од понеделник до петок, по типик, се јадат јадења без масло, на вода.

Сузана Спасовска вчера, на крајот од првата недела од великиот пост, со голема најава за сбоите фанови:

„Драги пријатели, со многу љубов и трпение, работиме неколку месеци на црковниот проект “Терирем”( аудио материјал наскоро, но и промотивни концерти, ако Бог даде). Сузана Спасовска – солист, Георгиј Секуловски ( консултации, поддршка и учество) и Вокален клирос “Пелагонитиса”.

Ова е обид, одбраните верзии на Православните литургиски химни да ги доближиме до народот и помладата популација. Црковните песни и фолклорот се природно поврзани, а Бог ни дал слобода секој да ги почувствува на свој начин во своето срце.

Видеото и фотографиите се на една, од првите проби за солист. Со добра мисла и Божја помош до целта.“

Претходна статијаТажната судбина на Лепа Лукиќ, поради една случка животот не ѝ тргнал како што замислувала
Следна статија„Сум работела и за 150 евра“ – Каќа Грујиќ откри непознати детали за своето минато