Познатиот стилист и ТВ-водител, Сергеј Варошлија кој со своите емисии и коментарите кои што ги даваше во неговите емисии привлекуваше многу внимание, потоа го снема од јавноста.
Откако станаа актуелни случувањата со Боки 13 , неговиот добар пријател, Сергеј Варошлија како да се повлече од јавниот живот.
Знаеше само повремено да се огласи со по некој статус на своите профили на социјалните мрежи.
Емисијата на Сергеј престана да е емитува пред случајот на Боки 13, па уште оттогаш не го гледаме на ТВ екраните.
Потоа, видовме дека дружбата со Боки 13 тече по постираните фотографии и видеа.
Варошлија стекна огромна популарност во Македонија. Едни сметаат дека е интересен и му делат позитивни коментари и комплименти, додека други го критикуваат, а мал дел од тие кои ги објавуваше тврдеа дека не е во право.
Сергеј е стилист кој 30 години е познат во својата бранша и има работено со доста познати личности во Македонија.
Варошлилја во една прилика, преку својот Фејсбук профил, со емотивен статус се огласи за својот добар пријател Боки 13.
“Поминаа месеци како слушам и читам га дости и полувистини и ом раза… Убавата страна никој не ја гледа …
Истиот тој беше невиден визионер, со невиден сенс за медиуми, истиот тој ја направи 1ТВ најгледаната телевизија за само една година, заради тоа што знаеше што народот сака да гледа и истото тоа да го понуди во една различна и иновативна тв форма.
Од студио до сценографија, собирајќи ги сите звучни имиња во секоја област како соработници , а да не зборам дека СИТЕ беа и сакаа да се гости во истата таа телевизија!
Никој не зборува дека 1ТВ понуди различна тв форма, уникатна, што постави нови стандарди во медиумите!
Стандарди што тешко кој медиум ќе ги достигне, а камо ли надмине ! Бојан имаше идеја … а идеите се отпорни на се! Идеите го менуваат светот!
За жал од 1ТВ остана само неговата визија, тага, и 100 луѓе без работа … нормално и за тоа на никого да не му е галје … побитни се негативните коментари отколку позитивната страна нели…
А за мене … тука сум не се секирајте.. ќе се вратам наскоро со нови високи критериуми и во полн сјај!
П.с многу луѓе – малку луѓе “, напиша Сергеј на својот профил на социјалните мрежи.
Потоа, неговата емисија почна да тече на Jungle TV. Во првата епизода, меѓу другите, тој ја анализираше српската фолк ѕвезда Ражнатовиќ Цеца, па потоа, негова емисија одеше на Јутјуб.
Во емисијата „Нешто конкретно“ со Снеже Велков гостуваше Сергеј Варошија, како и Миа Костова која беше дел од гостите.
Сергеј раскажа дека една наша ѕвезда, кога ја средувал за снимање, си изглегла од негвото студио и не му платила.
Тоа беше една наша фолк пејачка. Си дојде, ја средив, и мислеше дека е ѕвезда па не треба да ми плати.
Си се изгушка со сите на крај, си кажа чао и си отиде. Не ни праша колку треба“, рече познатиот стилист.
Снеже го праша Сергеј да коментира некои креации од Греми наградите, а потоа го праша да го коментитра нејзиниот изглед, а Сергеј каков што е директен и отворен и рече:
-Треба да си ја смениш фирзурата. Оваа коса како самовила ја носиш откако знам за тебе и секогаш имаш овде напред по нешто.
Да ја скратиш косата. Мислам дека една убава, здрава промена добро ќе ти дојде.
-Сама си го барав, рече потоа Снеже и го прегрна Сергеј.
На крајот од емисијата тие пукнаа балон, а тоа е она што Сергеј го правеше кога ги имаше неговите емисии.