По долго време во јавноста се појави Сани и кажа за што е создадена жената, Никола тоа добро го знае (ФОТО)

0

Пејачката Сани ги изненади своите фанови кога во тајност се омажи со нашинецот Никола кој живее во Швајцарија, а на Интаграм профилот си го смени своето презиме во Урдаревиќ, повеќе не е Гроздановска.

Сани има објавено неколку слики од венчавката, но на профилот кај нејзиниот новопечен сопруг, Никола има само една слика со Сани на која изгледаат многу вљубени и среќни.

Сања Сани Гроздановдска за Бекстејџ пред помалку од една година изјави дека ставила крај и на вториот брак со билдерот Мартин Гроздановски.

„Нешто што не го бива, боље да се прекине на време како велат- боље спречити него лечити.

Јас сум од тие што не сака да пие лекови и такви ствари, и затоа спречив на време.

Затоа што бевме најдобриот пар, затоа и успејаа луѓето околу нас да не разделат. Меѓутоа нема врска, животот продолжува понатаму“, рече Сани во Бекстејџ, но како да сакаше да ги задржи солзите.

Потоа, водителот ја праша: Како си сега, ова ти е вторпат, а таа рече: Сега сум топ, у топ форма, у најјаката форма од цел мој живот.

Сега ќе газам, и со турнеи, и со песни и со сѐ. Јас се спремам за третиот ти си запнал со тие два брака- му рече Сани на водителот, што е вистина бидејќи Сани веднаш скокна во трет брак.

Има кандидати колку сакаш, додаде пејачката потоа, а кога ја прашаа зошто ставила крај на бракот рече дека тоа си е нејзина приватна работа.

Сани на Фејсбук пред некое време се пошегува на сметка на состојбата со правење резерви за брашно, масло и бензин и напиша:

Ќе одам по брашно, квасец, макарони, што друго се купува? Дијазепами, Хелекс, Лунерба?

На ова ѝ возрватиле многу пријатели, а меѓу нив е и познатиот водител од Охрид, Жанко Голабовски кој ѝ напишал: Чуму ти брашно и квасец кога не знаеш да месиш. На ова Сани му одговорила:

-Јас супа да сварам знам. Подолу, во коментарите паријатели ја бранеа Сани таа таа е супер домаќинка и зане да зготви многу специјалитети.

Сани откога се омажи се гледа дека блеска од среќа, а може да се каже дека посреќна не била никогаш. Таа е моментално во Швајцарија, кај Никола заедно со ќеркичките, каде што уживаат на снегот.

Сани пред некое време на стори на Инстаграм објави интересен статус кој се однесува на жените:

„На жена што не ѝ се свиѓа маж со стомак, обично ѝ се паѓа маж со штикли.“

Откако се омажи за Никола во Швајцарија, од време на време знае да објави по неои стори како си ужива во спа хотелот каде што нејзиниот сопруг е менаџер.

И тоа само повремено, а последен пост на Инста, таа објавила пред еден месец, на 5 февруари кога се венчала со Никола, и потоа ништо.

На Фејсбук може да се најде само нејзиниот официјален профил Сани лајф, на кој не е активна подолго време.

Изгледа Сани ужива во брачните води со Никола, па одлучила да направи мала пауза од работата и да му се посвети на него.

Инаку, Сани ужива во спа хотелот каде нејзиниот сопруг, Никола е менаџер. Хотелот се наоѓа во Леукербад, општина во округот Леук во кантонот Вале во Швајцарија.

Првата слика која парот ја објави заедно е во надворешниот базен на хотелот каде што е менаџер, и сликата е ептен интересна, Сани и Никола во страстен бакнеж.

На една од неговите слики на ФБ, Никола покажал каква кола вози, и станува збор за добар мерцедес.

Сани често знае да ги пецне жените со некој јак статус, а така направи и овој пат кога напиша за што е создадена жената.

„Жената е круна на фамилијата. Таа е создадена да биде сакана и обожавана. Со почит кон сите жени,“ напишала Сани, а очигледно дека таа ова го зборува од искуство, а Никола тоа добро го знае и го применува.

Претходна статијаМајката на Адриан Гаџа, Сузана изгледа како девојче- еве како синот се грижи за неа
Следна статијаВистинската скопска љубовна приказна која расплака многумина