Хрватите се радуваат по забраната за српски пејачи: Конечно да престане тој кич и невкус

0

Душко Кулиш, Драган Којиќ Кеба, Ана Бекута и Зорана Миќановиќ требаше да одржат концерт во Пула, но градоначалникот Филип Зоричиќ им забрани настап.

Откако концертот беше „преселен“ во Осиек, нивниот градоначалник Иван Радиќ на својот Фејсбук профил објави дека најавениот концерт не може да се одржи во градското подрачје.

– Осиек е централноевропски град кој има изразена европска димензија, град кој интензивно се развива во вистинска словенска метропола,

град кој ја има најголемата културна манифестација на Источна Хрватска во форма на Осиекското лето на културата, што докажува дека културата и уметноста одлично одговараат на градот на Драва – напиша градоначалникот на Осиек на Фејсбук.

Тој изјави и дека од медиумите дознал дека Осиек ќе стане „заменски град“ за најавениот концерт што првично требаше да се одржи во Пула. Под неговиот статус следеа бројни коментари за поддршка.

„Конечно треба да престане тој кич и невкус“, „Треба да се забранат засекогаш“, „Целосно поддржувам!

Осиек има музичко училиште со кое можете да се гордеете и од кое излегоа многу светски познати музичари!

Има културно и уметничко општества со кои можеш да се пофалиш и такви прекрасни звуци на тамбурата! Има и одлични џез-музичари и бендови, поп и рок музичари! Доста е со паметните!“, му поддржаа Хрватите на Радиќ.

„Фала боже“, „Браво, Иван“, „Кратко и јасно“, „Ја имаш мојата поддршка“, „Конечно требаше јавно да се проговори против злото“; уште некои се од коментарите.

Да потсетиме, концертот го организираше организацијата „Хилјадарка“, која, како што се наведува, веќе се договорила за издавање на салата, но градоначалниците на Пула и Осиек решиле да го забранат одржувањето на споменатата манифестација.

На споменатиот концерт требаше да учествуваат Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Душко Кулиш и Зорана Миќановиќ.

– Иако целиот тим на Хилјадарка беше со голем ентузијазам за овој концерт, не можевме да ја смениме одлуката на градоначалникот на Пула, г-дин Филип Зоричиќ, кој одлучи на јавните простори да нема турбо фолк музика – велат од организацијата.

– Одзивот на концертот беше феноменален, а за прв пат гледаме дека толку голем број луѓе се заинтересирани. Концертот се спремаше повеќе од еден месец, а 85 отсто од билетите веќе беа продадени.

Очигледно е дека луѓето од Пула и околината биле многу заинтересирани за овој концерт – најавија организаторите и додадоа дека концертот ќе биде преместен во Осиек.

Беше наведено и дека секој што купил билети може да им се вратат парите или да ги искористат на концерт во Осиек, но и нивниот градоначалник го забрани настанот. Градоначалникот Зорчиќ вчера истакна дека Пула е точка за европски концерти.

– Пула во моментов е европско жариште за концерти. Летото во Арената носи светски изведувачи како Роби Вилијамс, Имиџ Драгонс, Ерос Рамакоти, Фиренца и Машин…

Колку тоа значи за Пула како дестинација, излишно е да се каже – изјави Зорчиќ, кој смета дека градот на Пула има право да биде селективен при одлучувањето кои уметници ќе настапат во овој град, пренесува српски Телеграф.

Претходна статијаУбав повод за славење во домот на нашиот најголем романтичар меѓу пејачите- се радуваат и тој и неговата убава сопруга
Следна статијаОва е менаџерот на убавата Стојне, а пред 10 дена заедно со Цаки Кисми летнаа за Германија