Спасе Јовановски е познат новинар, а во моментов е ТВ презентер на временската прогноза на Сител. Тој е инаку ПР на Лила Стојановска која е негова добра пријателка.
Тој во една прилика на својот Фејсбук профил напиша: “ЦРВЕНКАПО” Пред точно 10 години, бев меѓу првите ако не и прв што облеков ЧИШ црвена патика…
Тогаш коментарите беа: “Кај ги најде женскиве патики” “Пе. еp ски! У живот не би облекол” “Се знае кој носи црвена боја”.
ЅВЕЗДЕТИНА ко мене, не коментираше нишо, пошо знаев дека сум 10 год пред сите. Времето минуваше и од ден на ден, па се до ден денес, секој барем еднаш облече цревена патика…
Знаете како вели една поговорка. “Прво ќе ти се смеат, после ќе те копираат” Фото- Ролована архива 13 јан. 2011“, напиша Спасе на Фејсбук неодамна.
Тој на шеговит начин има коментирано за својата работа: Дои да ти бидам дечко! Стално ќе имаш точна ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА!“.
Во една прилика, тој ги чепна инфлуенсерите кои даваат совети на сториња на Инстаграм.
– Денес, на гости ни беше најмладиот обожавател на “Временска Прогноза” Лука!
Ме гледал од мал, па изразил желба лично да ме запознае, и да ја види магијата на телевизијата и како се совршено функционира овде во “Сител” 24/7.
Се изненади од мојата висина (мислејќи дека сум колку тв) па му требаше малку време да се адаптира. Кога дете те сака, значи има нешто.“, објави тој неодамна.
Исто така Спасе се пожали на гужвата во напиот главен град опишувајќи едно свое патешетсвие, кога од својот дом до телевизијата каде што работи стасал за 45 минути, а објасни зошто и како тоа се има случено:
– Од моето место на живеење ЧАИР до моето работно место СИТЕЛ, има растојание од 3.4 км! Со автомобил обично се пристигнува за 8 до 10 мин!
Денес од СИТЕЛ до ЧАИР патував 45 МИНУТИ! Баш ме интересира, кога е ШПИЦОТ у “Метрополата” со 3 главни улици какво решение имаат да понудат идните градоначалници?
И немојте со тие финти “А у ИСТАНБУЛ да идеш да видиш која гужва е” Сум бил! И не сакам споредби, сакам решенија, у ова мое напа-тено Скопје!“, напиша Спасе луто
Спасе, или „Рола до бола“ како сам се нарекува, и по кој прекар е познат во јавноста, за Женски магазин одговорил без влакна на јазик, сѐ што го прашале.
За приватниот живот, за Лила, дали е вљубен, што мисли за инфлуенсерките во Македонија, каде ќе ја дочека Новата година.
-Уште од мал кога ќе ме прашаа што сакаш да бидеш, им кажував СПИКЕР. Мајка ми често со мене имаше проблем на родителските средби каде што наставниците велеа “Ова дете е добро, учи АМА МНОГУ ЗБОРУВА“ .
Јас не зборувам само кога спијам, па ете тоа денес стана моја професија на која што сум многу горд. Инаку многу љубов гаам кон камерата и фотографијата, па во иднина можно е да се занимавам со режија но, се во свое време.
Кога сум наутро на работа мојот ден започнува во 5 часот наутро, одам директно под туш, па пуштам кафе, се подготвувам и право во СИТЕЛ. А кога сум попладне, станувам во 9 часот секако со истата рутина, плус појадок.
Денот, па можа, да кажам дека ми трае 12 часа. Покрај работата во СИТЕЛ, задолжен сум за инстаграм профилот на Лила, и уште неколку профили кои ги водам во позадина.
Во Македонија, нема ИНФУЛЕНСЕР тоа е залудно и присилно наметната дефиниција за оние што немаат што да прават со својот живот.
Тоа се онлјан продавачки, некој бренд таму, сака да се продава неговата роба, па сака да помине поевтино и ангажира некој лик, кој често има КУПЕНО следбеници (тоа лесно се проверува) и за кило сирење тие мислат дека се инфлуенсерки. Сега тука ќе си кажат ПА ЛИЛА ШТО Е?
Лила е лик од телевизија, својата слава ја стекнува како водителка, која веќе 30 години е АКТИВНО присутна во јавниот живот.
Нејзината работа на инстаграм е плус. Лила не е популарна поради инста профилот, туку поради многу успешни проекти зад неа, вклучувајќи го и последното шоу кое трае веќе 11 години“.
Спасе потоа кажал искрено дали тој има девојка, но и дали Лила има дечко:
-Лила, нејзиниот дечко, јас и мојата девојка често се шетаме фатени под рака, но го криеме тоа успешно од јавноста. Сепак треба да се зачува еден ден само за себе нели?“, изјавил Спасе.