САША ПОПОВИЌ ДОБИВА ЗАМЕНА? Еве кој му го мерка директорското столче во „Ѕвездите од Гранд“ (ВИДЕО)

0

Долго време се шпекулираше колку чини учеството на пејачите во емисиите на Гранд, а Саша Поповиќ сега ја откри вистината.

Имено, тој во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ несвесно рече дека пејачите ги плаќаат по 10.000 евра за да ја изведат нивната песна на сцената. Поповиќ му се обратил на натпреварувачот Јасмин Ѓулишиќ на кого му рече дека заработил 30.000 евра.

„Ѓулишиќ, не се жали, си заработи 30.000 евра, ич да не ти е гајле. Сега се чудиш како, па секое појавување во „Ѕвездите на Гранд“, кој сака да дојде овде, за секоја емисија тоа е како да си донел овде 10.000 евра и си рекол: Сакам да пеам овде пред ова жири, пред оваа публика и да ме гледаат седум, осум милиони луѓе“, рече Поповиќ на што Сања Кужет веднаш додаде:

„Па, јас сум тогаш милионерка, само не сум знаела! Па, и ти не си далеку од тоа“.

„Ние сме во полоша позиција, за бидеме во жирито, секој треба да му даде на Саша по 50.000 евра по сезона“, изјави Ѓорѓе и ги насмеа колегите од жирито.

Судејќи според настаните од зад сцената што ги сними уредничкиот тим на Гранд, почетокот на вториот круг е ветувачки.

Неочекуваните ситуации кои ниту членовите на жирито не ги очекуваа ќе ве остават во шок.

Навикнати сте Воја Недељковиќ секогаш да е расположен, но изгледа сега имаше посебна причина да приреди вистинско шоу и да ги изненади колегите.

Имено, водителот го насочил својот нишан на директорското столче и покажал како изгледа кога ќе го преземе кормилото за време на снимањето.

На негово големо изненадување, на сцената го покани Ѓорѓе Давид, кој ракуваше со микрофонот и направи вистински спектакл, толку што веднаш ги крена на нозе Марија и Милија.

Композиторот и пејачката танцуваа како никогаш досега, а на линијата застана Вики Миљковиќ која беше особено трогната од песната.

Изгледа на Воји добро му оди што ги забавува колегите на снимањето, а дали Саша Поповиќ дефинитивно ќе му ја додели директорската фотелја, дознајте во видеото подолу и не заборавајте дека заткулисните случувања во наша режија се секогаш со цел да ве насмее.

Претходна статијаСЕ ОГЛАСИ МАЈКАТА НА ДУШКО – Еве како реагираше на веста за разводот со Јелена
Следна статијаСе огласија од „Срце на дланка“: Знаевме за минатото на Тале, но тоа не значи дека некој што грешел, нема право на поправен