Сани гopи калории, па се лади на швајцарска зимска идила, вакво уживање нигде нема (ФОТО)

0

,Слободно може да се каже дека Сани е една од топ трите македонски фолкерки. Сани неодамна беше на турнеја во Австралија каде што буквално може да се рече дека нашата пејачка изгази со настапите.

Сани каде и да се појави, прави „лом“ бидејќи сите уживаат во атмосферата која ја прави на настапите.

Сани има традиција, пред или после настапите кои ги има речиси секоја втора вечер да објави слика од нејзиниот изглед. Тоа го направи постојано, а многумина останаа воодушевени од модните комбинации кои Сани ги објавува.

-Од малечка знаев дека ќе бидам пејачка, отсекогаш пеев со парфеми кои ми служеа како микрофон. Напроно е кога настапувам цела недела, напорно е, ама уживам во својата работа и не се жалам“, рече во една прилика Сани во Бекстејџ.

Во едно интервју за „Бекстејџ“, Сани откри дека имала многу непријатни ситуации во нејзината кариера.

„Охо, имав 100 000 непријатни ситуации. Меѓутоа, знам како да се справам во вакви ситуации. Не сум од вчера во овој бизнис.

Веќе 10 години, така да знам како треба со таквите луѓе“ вели пејачката.

Сани тогаш откри дека добивала и понуди колку пари бара за една вечер.

Исто така, фолкерката откри дека нема направено никаква хирушка интервенција на себе, но дека планира да ја корегира устата.

Сани ги демантираше сите шушкања за наводната афера со Аца Лукас.

„Јас Аца Лукас не го шармирав на љубовен план, го шармирав со пеење. Не му се верувало дека некој во Македонија има таков целосен пакет. Не сум го освоила на љубовен план, како што се пишуваше“ вели Гроздановска и додава:

„Разговаравме околу песната, околу кариерата, околу настапите, ме праша кога ќе снимам во Србија. Па, можеби ќе излезе некој дует. Не се знае“ рече пејачката за Бекстејџ.

Никола Урдаревиќ, новиот сопруг на Сани е нашинец кој живее во Швајцарија и на неговиот профил стои дека е менџер на спа хотел во Леукербад, општина во округот Леук во кантонот Вале во Швајцарија.

Првата слика која ја објавија заедно е во надворешниот базен на хотелот каде што е менаџер, и сликата е ептен интресна, Сани и Никола во страстен бакнеж.

На една од неговите слики на ФБ, Никола покажал каква кола вози, и станува збор за добар мерцедес. Иако живеат разделени, тие наоѓаат начин да уживаат во својата љубов.

Потоа, Сани со својот сакан беше пак во Швајцарија, и објави слика како и двајцата уживаат на романтична вечера во овој хотел и се среќни заедно.

Но, Сани во Швајцарија не отпатувала сама.

Таа таму била со своите две ќерки и со нив објавила слика, и тоа како уживаат во убавините на овој хотел, во термалниот базен.

Инаку, хотелот е со 3 ѕезди, и според Букинг, цената на една ноќ е нешто повеќе од 200 евра за двајца.

Таа ги изненади своите фанови кога во тајност се омажила, а на Интаграм профилот си го смени своето презиме во Урдаревиќ, повеќе не е Гроздановска.

Сани нема изјавено ништо за венчавката, но на профилот кај нејзиниот новопечен сопруг, Никола има само една слика со Сани на која изгледаат многу вљубени а во коментар, Јасмин Курузовиќ им напишал: „Најдобри“, што значи дека приватно се дружат паровите, Никола и Сани, и Јасмин и Сузе.

На Сани ѝ било важно нејзините ќерки да го запознаат Никола и затоа ги однела пред венчавката во Швајцарија со неа. Дали пејачката ќе се пресели таму, останува на времето, а сега таа е повторно таму.

Сани објави интересни слики на својот профил на Инстаграм. Поточно, таа ужива во прекрасната швајцарска зимска идила и често снима од прозорецот од кој се гледа дека надвор има многу снег.

Ептен ѝ се наместија коцките на Сани, па таа реши малку и да повежба во теретана, а кога ја покажуваше теретана можеше да се види дека е добро опремена, а Сани си го реше калории.

Па после тоа, најверојатно ќе се лади на снегот.

Претходна статијаАнета Молика ги отвори вратите од својот дом и ги маѓепса сите! ФОТО
Следна статијаЈелена Карлеуша да се пази -Сека Алексиќ е милионерка, кај и да е, ќе ја престигне со пари