45 годишниот битолчанец, Бејхан Рамов, кој по преофесија е зидар, беше прогласен за победник пред три години, според гласовите преку СМС, во финалето на големиот натпревар и големо балканско шоу на “Гранд ТВ“ во Србија, “Никогаш не е доцна”.
Не само што ги освои срцата, а потоа и гласовите на гледачите на ова шоу, за него не престанува да се зборува низ целиот регион и по победата. Како што самиот Бејхан вели, негов идил е Шериф Коњевиќ, а тој почнал да работи со музика на возраст од девет години, кога почнал да пее големи турски хитови, бидејќи неговата мајка по потекло е Турчинка.
-Се чувствувам добро, сакам да пеам на сите јазици турски и на српски… Идол е мојот Шериф Коњевиќ, мојата желба е да се сретнам со него.
Кога нашиот пејач се појави во шоуто „Никогаш не е доцна“, многумина беа изненадени од неверојатниот талент и скромноста што ја зрачи Бејхан Рамов.
Од круг во круг на натпреварот го воодушевуваше регионот со песните на Шериф Коњевиќ, инаку негов идол, а потоа победи на натпреварот и се повлече од сцената на врвот на својата популарност.
Иако многумина предвидуваа дека ќе го наследи Шериф, Беихан реши да води поинаков живот во Македонија. Наместо да сними оригинална песна, тој решил да се врати на својата примарна работа – ѕидарството, кое всушност никогаш не сакал да го напушти.
„Јас сум здрав, работам и уште пеам“, одговори Беихан а на прашањето дали планира да го напушти ѕидарството поради пеењето, одговорно демантираше.
– Не, јас одамна реков дека не се хранам со пеење, ме храни мојата работа, со пот заработувам, а се уште се занимавам со градежни работи. Градам, бојадисувам, не се откажувам, а песната како песна – секогаш ја има. Секогаш има простор за неа надвор од мојата основна работа – рече Беихан.
Рамов истакна дека не се откажал ниту од пеењето, а во младата ѕвезда на „Гранда“ Никола Ајдиновиќ гледа голем потенцијал и дека во него го гледа наследникот на Шабан Шаулиќ.
-Мислам дека човек како Ајдиновиќ е еден од нас, човек од народот. Тој е како нас, еден од оние кутри луѓе со широко срце и душа, кој иако нешто стекнал во животот, никогаш нема да заборави кој е и што е и од каде дошол.
Тие никогаш нема да ја заборават сиромаштијата, а јас никогаш нема да заборавам од каде сум и што сум. Сигурен сум дека тој е благодарен на Бог за неговиот скромен живот.
Најважно е мажот да има срце, а мене ми се допаѓа што го има Никола. Ми се допаѓа по неговиот карактер, однесување, знае да се држи на сцената и никогаш не се преправа дека е важен, а тоа е ѕвезда. За мене тоа беше покојниот Шабан Шаулиќ, а сега Никола Ајдиновиќ – рече Бејхан речиси во еден здив.
Беихан истакна дека се уште има сила да гради и ѕида, како и редовно да им испее некоа песна на своите колеги од градежништвото. Тој вели дека се надева дека тоа ќе го направи наскоро на некој настап.