Пејачoт и клавијатурист од југот на Србија е пронајден мрт ов по новогодишната прослава. Како што неофицијално дознава Курир, тој настапувал во локален ресторан и после тоа, се сомнева дека се си го одзел животот.
– Слушнавме само плачење на колегите и полициски сирени. Сето ова се случи по концертот. Најверојатно веднаш по концертот крена рака кон себе – вели изворот на Курир.
Никој од пријателите и колегите на музичарот не можеше да помисли дека тој ќе си го одземе животот. Пријателите се убедени дека тој живеел нормален, скромен живот и дека бил задоволен од тоа.
– Имаше семејство, беа среќни. Едноставно не ми се верува дека се случило вакво нешто. Сите сме во шок, ние како пријатели, колеги, семејството не можеме ни да замислиме како е – изјави еден пријател за Курир.
Со голема болка и тага се простуваат и од музичарите на социјалните мрежи.
– Јас сум без зборови. Почивај во мир, ангелите да те чуваат брат мој. Да те изгубам првенствено како личност и пријател е голема загуба. Пријателе и брат мој, ангелите нека те чуваат, почивај во мир!
– Најди го својот мир и почивај во него, драг наш, секогаш ќе те паметам по твојата веселост и насмевка, прерано си замина од овој свет. Нема зборови на утеха кога најблиските си заминуваат!
Дача Ибраимовиќ, пејач и клавијатурист од Пирот, беше пронајден без знаци на живоѕ по новогодишната прослава. Според неофицијални информации, тој играл во локален ресторан и после тоа, се сомневаат дека се самоубил.
На социјалните мрежи со болни пораки се простуваат од Ибраимовиќ, а неговата последна објава беше пред десет дена, поточно на 28 декември 2022 година.
Тогаш пејачот објави песна од Маринко Роквиќ.