Ова е македонскиот пејач кој во Чикаго го застануваат по улици и бараат да се сликаат со него – им личи на Елвис Присли (ФОТО)

0

Македонската емиграција во Соединетите Американски држави е огромна, а особено во Чикаго- Илионис, каде покрај државата Њу Џерси, е најбројна.

Освен Македонци кои отишле во туѓина по парче среќа, во Чикаго во минатото и денес, живеат и пејачи кои ја граделе својата кариера во САД.

Најпознатиот меѓу нив, секако беше упокоениот доајен на македонската народна песна, Пепи Бафтировски.

Се прослави со песната „Сине мој“ која ја снимаше на почетокот од деведесеттите години на минатиот век, како повратник од печалба во САД.

Но и покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од третманот на луѓето од естрадата во Македонија и повторно реши да замине „преку големата бара “, но овој пат со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил.

Тој заедно со семејството во Америка заминува во 2003 година каде е решен да започне нов живот.

Но, по неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава ќе се разделат во 2007 година, а по некое време на пејачот ќе му биде диjaгностициpaна и теш ката бoлecт – кан цер на белите дробови.

Пепи по кратко боледување, ќе ја изгуби битката со болecта во април 2008 година, на 66 годишна возраст и само пет години по неговото повторно доаѓање во Америка.

Пепи и Ава до последниот момент останале блиски, иако беа разделени и не живееја заедно.

Деновиве, до нашата редакција пристигна информација, дека Пепи Бафтиворски, во Чикаго има достојна замена.

Се работи за охриганецот Зоран Далчески, естраден уметник познат на Македонската јавност, кој сега ја весели и публиката во Чикаго..

Во Македонија публиката го запозна со неговите настапи во облека на Елвис Присли и на секој настап тој предизвикува големо љубопитство..

Во македонија отпеа многу песни новосоздадени но и народни песни мегу кои најмногу слушана е песната за децата близначиња кои тој ги доби со неговата сопруга Јадранка Далчевска. ( по долго чекање.)

Интересно е кога ке прошета по улиците на Чикаго лугето го застануваат и сакаат да се фотографираат.. ( ги потсетува на Елвис Присли..)

Зоран Дачески сега пак публиката во Америка ја почести со преубава песна и преубав видео запис кој предизвика и голема гледаност…

Тој не застанува продолжува и понатаму да ја весели публиката и секогаш успева да предизвика нови изненадувања.

Погледнете го најновото видео и новата патриотска песна на Зоран. Македонците во Америка не останаа рамнодушни на овие зборови…

 

Претходна статијаСКОПЈАНКАТА со неверојатен талент го украде шоуто во „Гранд“ – и Марија Шерифовиќ воодушевена од нејзиниот настап!
Следна статијаСимон Трпчевски сите го знаат, а оваа убавица е неговата сопруга (ФОТО)