Анета Молика ги отвори вратите од својот дом и ги маѓепса сите! ФОТО

0

Секогаш средена, дотерана и стокмена е спремна да им пее на нашинците од целиот свет, па нејзините слики на Фејсбук се главно од настапите каде што го покажува својот изглед.

Во својата долгогодишна музичка кариера, фолк пејачката Анета Мицевска се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада.

Тоа и донесе многу настапи и набиена агенда како во земјата, така и во странство, а стана ексклузивец и на српската „Гранд“ продукација.

Нејзиниот талент бил забележен уште на рани години, а мајката на Анета, госпоѓа Лиљана Љумаковска во интервју за svet-australia.com проговори за детството на пејачката.

Фолк пејачката Анета Мицевска, во својата долгогодишна музичка кариера се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада.

Тоа и донесе многу настапи и набиена агенда како во земјата, така и во странство, а стана ексклузивец и на српската „Гранд“ продукација.

Анета и групата Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас. Пред пан демијата, апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега.

Уште еден доказ дека македонските фолк пејачи добро заработуваат е домот на Анета Мицевска и нејзиниот сопруг Џими од групата Молика, кои ги отворија вратите на својот семеен дом. Тие ја угостија екипата на емисијата ВИП сезона на Избор на најдобри рецепти на водителот Ване Маркоски.

Во домот тие ги поканија сите членови на групата Молика и со песна и весела атмосфера ја дочекаа новинарската екипа

Анета го покажа својот лукзузен дом кој и е совршено среден. Од видеото имавме прилика да ја видиме пространата бела кујна во комбинација со црни плочки. Кај Анета дома се’ изгледа многу мазно и елегантно.

Можеше да се види и дел од дневната соба каде што е во кафеав стил и совршено ја има декорирано областа пред троседот и двоседот.

Водителката и рече: ,,Викаат кога ќе ти истече кафе, ненамерно, тоа значело пари. Веруваш во тоа?”

-Не, не верувам во такви работи. Ако има пари, има и без претечено кафе. Ако се работи, ќе има пари.

,,Обожаваш да носиш брендови?”

-Не, добро би ми дошле, меѓутоа не сум толку да кажам, ете, да купам, дали било ташна или чевли, било што. Искрено, да ти кажам, значи со тие пари, што ќе купам ташна, еве да е 1000 евра,

јас ќе купам 20, 30 нека се, и ќе имам да менувам секој ден. И нигде не пишува дали е тоа оригинал или не е оригинал. Не се замарам со тие работи.

Едноставно сакам кога го носам нештото, да биде пријатно на мене. Дали било бренд, или не, не е важно, изјави Анета за Тренд Лајф.

Претходна статијаТажната приказна на Неџат: Ѓубреџии отсабајле ме вадеа од контејнери каде што спиев (ВИДЕО)
Следна статијаСани гopи калории, па се лади на швајцарска зимска идила, вакво уживање нигде нема (ФОТО)