Ова е причината за прекин на коцертот – Аца Лукас пред неколку дена откри со што се соочува

0

Аца Лукас синоќа имаше концерт во ноќен клуб во Охрид. Предновогодишната забава со него беше најавувана подолг период, но како што раскажуваат гости кои вчера отишле на настанот, си заминале дома разочарани.

Имено, откако испеал неколку песни, Лукас се повлекол зад сцената бидејќи му се слошило. Иако публиката го очекувала да се врати, тоа не се случило. Неофицијално, пејачот побарал медицинска помош.

-Ќе направиме пауза, рекол Аца Лукас синоќа од сцената во еден ноќен клуб во Охрид и после тоа не се врати повеќе да пее.

На Лукас му била укажана и медицинска помош и тој примал инфузија.

Но ни инфузијата не го „повратила“ и концертот не продолжил.

-Плативме 9.000 денари за коњопој со шише алкохолен пијалок. Аца испеа неколку песни и си замина, ова е големо разочарување – коментирале дел од гостите, пренесе Фокус.

Велат дека настанот бил најавен како предновогодишна еуфорија, во клуб каде капацитетот на гости изнесува околу 3.000. Голем број од присутните купиле пакет влезници од по 6.000 или 9.000 денари, во зависност од понудата.

Нема информации дали Лукас повторно ќе одржи концерт во истиот клуб кога ќе му се стабилизира состојбата, ниту пак дали оние кои веќе купиле влезници, истите ќе можат да ги искористат за друг концерт, пренесува Фокус.

За неговите здравствени проблеми периодов и самиот информираше на социјалните мрежи, кога откажа неколку концерти во Србија.

Аца Лукас претходните неколку дена имаше висока температура, поради што мораше да откаже три концерти. Пејачот примал терапија и бил на инфузија, но неговата состојба не се променила, па бил принуден на овој потег.

– Драги мои, бидејќи ми се слоши и имам висока температура, ќе бидам принуден да ги откажам настапите во Чазин, Градишка и Добој за прв пат во последните две години. Се надевам дека многу брзо ќе оздравам за да продолжиме да се дружиме.

Сите оние кои купиле билети за споменатите претстави ќе бидат известени за новите термини.

Ви благодариме на разбирањето – напиша тогаш популарниот пејач на својот Инстаграм профил.

Потоа, тој повторно проговори и откри дека се чувствува многу подобро.

– Драги мои, еве ме пак, здрав како дрен… Фала богу, оздравев. Се е под контрола – низ насмевка изјавил во кратко видео најавувајќи дека од утре се враќа на својата редовна програма.

Сепак, вчера во Охрид се случи повторно да има здравствени проблеми.

Претходна статијаМилчо Манчевски со глумците од „Кајмак“ во опуштено издание, еве како изгледаат зад камерите (ФОТО)
Следна статијаАнастасија се пофали што зголемила на себе (ФОТО)