Во јуни оваа година, силно полициско обезбедување почна најавуваната акција за отстранување на неле-галните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид. За почеток се отстранија и демонитира платформата во езерото пред „Куба Либре“, една од најатрактивне плажи и локации на источниот брег на Охридското Езеро.
Акцијата беше очекувана со оглед што уште пред една седмица во близина на неколкуте плажи зад мостот на Студенчишкиот канал кај Охрид беше распоредена механизација, а вчера сите објекти во тој дел беа искучени од системот за нанпојување со електрична енергија.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески неодамна најави дрка ќе се отстрануваат сите неле-гални објекти и градби од сите плажи на кои им се истечените договорите за концесија, вклучувајчќи ги и петте што влегуваат во опфатот на ГУП-от.
Маријан Маловчев, менаџер на „Куба Либре“ вели дека тие како субјект немаат никаква вина за ситуацијата, концесијата на просторот е платена до 2021 година, а сето она што е изградено од нивна страна е според проект одобрен од надлежните институции уште во 2007 година.
Од општина Охрид е најавено дека акцијата ќе ги опфати сите пет плажи што се опфатени со Генералниот урбанистички план, односно „Куба Либре, „Кадмо“, „Бела Виста“ како и „Канео“„ и „Потпеш“.
По повод платформите на кои беа угостелските објекти, на својот Фејсбук профил, денеска порака упати министерката за култура Ирена Стефовска која напиша:
-Како претседателка на Националната комисија за УНЕСКО сакам да потсетам дека оние градби на брегот и оние платформи во вода не смеат да му се повторат на Охридското езеро.
Туризмот воопшто не зависи од постоењето на такви објекти, напротив. Одамна не сме го виделе толку чисто најубавото и најстарото ејзеро во Европа.
Градоначалникот Константин Георгиевски со огромен ризик и под голем притисок сепак ги урна објектите кои од година во година стануваа сè поголеми. Тие не само што го сардисаа брегот, не само што го загадуваа езерото, туку ја загрозија и егзистенцијата на угостителите кои ги почитуваат правилата.
Ветувањето дека повторно ќе се издаваат концесии за плажите е злосторство во најава кон Ејзерото !
Планот за управување со Охридскиот регион предвидува издавање на концесии за некои плажи, но само со урбана опрема, а не како објекти.
Охриѓани мои, со предизборна леснотија ни даваат ветувања кои потоа стануваат наша заедничка беља. Затоа, опулете се кој зборвит и уш појке шо зборвит. Да не биде потоа – проштавајте, не
знаевме.
На Фејсбук страницата пак на Куба либре, објавија слика од овој дел од градот кој откако не работи објектот, сега е празне, и напишаа:
Куба либре некогаш, на една постара слика, а на понова: Охрид во октомври, на којс е гледа големата разлика на ова место порано и сега.