Анастасија прозборе за мажачката и за новиот, скап стан во кој живее со Ѓорѓе

Медиумите со месеци зборуваат за тоа како Анастасија Ражнатовиќ заедно со нејзиното момче Ѓорѓе Кулиќ издвоиле голема сума за нов стан во Дорќол, каде отсега ќе живеат заедно.




Парот пред неколку недели ги заврши последните подготовки и официјално се всели, а пејачката не крие дека многу се радува на новото поглавје во нивната врска.

Сепак, како што вели, засега ќе го направи овој чекор, а со свадбата не брзаат.- Не знам кога ќе заѕвонат тие свадбени ѕвона, прво морам да се свршам, па тоа да го прашаш – рече Анастасија низ насмевка и додаде:




– Ајде да одиме полека. Сега го направивме тој поголем чекор, се вселивме во нов стан. Уживаме и убаво е, никаде не брзаме. Млади сме и нека се тргне по својот тек. Не треба сега да го официјализирам твојот труд.




Младата пејачка се осврна и на фактот дека има голема армија следбеници на Инстаграм, како и на добрите и лошите страни да се биде јавна личност.

– Јас сум пред се пејачка, не сум блогер. Но, може да се каже дека сум влијателна личност на Инстаграм, поради големиот број на луѓе кои ме следат.




Почнав да се занимавам и со козметика, бидејќи сакам да го искористам своето влијание за да направам нешто добро за женската и машката популација – истакнува Анастасија и тврди дека научила да не обрнува внимание на негативните коментари:




– Секако дека ме импресионира кога слушам убави коментари, но ги има секакви. Со текот на времето, само отрпнав, не можам да одам од човек на човек за да се оправдам.




Кој сака да верува нека ми верува, кој не – не мора. Драго ми е што на луѓето им се допаѓа мојот изглед, во една емисија кажав какви опе-рации сум направил и нема што повеќе да кажам.

Младата пејачка се осврна и на учеството на нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“.




– Таа е доминантна жена. Тие кав-ги, тоа е нормално, таа е многу интелигентна жена, многу добро знае што зборува.

Знам дека ако некој се обиде да ја испровоцира знае брзо и дупло посилно да се врати, па воопшто не се загрижив. Се советуваме за стајлинзи, па и јас сум донекаде вклучена во нејзиното учество.




Мислам дека треба да имаш умереност во се, таа е сепак најголема ѕвезда, нема да биде агресивна и груба, тоа не и е во карактерот. Таа е дама и може многу културно да одговори на секој што ќе и се најде на патот. Таа вредно работи со кандидатите и е многу посветена.

Претходна статијаОпулете се ваму: Се огласи минстерката за култура по повод дивите платформи, а се јавија и газдите на „Куба либре“ (ФОТО)
Следна статијаСе огласи синот на Марина Tуцаковиќ и раскажа се за наследството (ФОТО)