Јордан Митев: Многу беше тешко на 19 години да тргнеш од Радовиш

0

Лани, па и оваа година, беше многу тешко за сите кои работат приватно. Тука во прв ред беа угостителите, дуќанџиите, но се чини најмногу „истрпеа“ естрадните уметници, поточно музичарите и пејачите.




Поради мерките кои се спроведуваа речиси цела година, тие не можеа да настапуваат, а се чини нивната мака, кулминација доживеа на крајот од оваа година, бидејќи, познато е дека музичарите токму за Нова година ги имаат главните тезги и ги остваруваат најголемите приходи, кои потоа ги трошат во текот на годината.




Многумина од нив се обидоа со алтернативни работи и бизниси, но многумина и не знаат ништо друго да прават, освен да музицираат. Сепак, сите тие се надеваат дека сето ова во Новата година ќе заврши и ќе се вратат на редовните работни обврски.




Еден од најпознатите македонски фолк пејачи, Јордан Митев, со успех опстојува на македонската сцена веќе 15 години а во меѓувреме подготвува нов албум и два концерти за прославувње на својот јубилеј.

Јордан Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш.




Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип. Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.




Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари. Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од кој што Митев собрал големо искуство.




Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор.




Како автор досега има напишано доста голем број композиции кои што некои од нив се наградувани во Македонија

-За овие 15 години созреав и како пејач, и како човек. Почнав од 19 години и замисли како е да почнеш на тие години сам и да си од провинција. Не е лесно.




Затоа навистина низ годиниве како еволуирав како човек и како маж, така еволуирав и како пејач. Кога гледам што сум правел пред 10 години смешно ми е.

Но, такви биле годините, такво било размислувањето, сум мислел дека така треба и секогаш сум се трудил да бидам оригинален. Да ми рекол некој пред 10 години дека ќе правам песни како што е „Жена за 100 години“, „За тебе“, „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ немало да поверувам.




Денес мерило за успешна песна се прегледите а според тие е одлично. А прегледите за фолкери се многу мали. Медиумите многу малку пуштаат фолк музика.

Тешко е фолк песна да стане хит за еден месец, потребно е време. Но, сметам дека на фолк сцената треба нешто свежо и нешто да се менува.




Нека има примеси на фолк но треба промена и во имиџ и во визуелизација, треба нешто модерно. Времето на аматеризмот е поминато. На нашата сцена недостасува квалитет и сите ние треба да си го признаеме тоа, изјави Митев во една прилика за ММС.




Претходна статијаМарина Туцаковиќ во една прилика проговори околу парите
Следна статијаЗетчето на Гоце Тодоровски, како кралица ја чува ќерка му Сашенка (ФОТО)