Докторката од Брза Помош, Марија Спасовска, раскажа како изгледа ноќна смена на работа

0

Д-р Марија Спасовска која работи во Брза Помош Гостивар, на својот профил на социјалните мрежи, раскажа како изгледа ноќна смена на работа:




„Ноќна смена на брза помош во Гостивар. (верувам дека и во други градови е исто)
Прегледуваш со отворен прозорец за да се заштитиш (и себе, и пациентите).

Надвор, и внатре, грми од некојси музички настан што многу “соодветно” се одржува спроти градска болница. Не го слушаш пациентот од бучава. Апаратот за притисок едвај.




Затвораш прозорец. Влегува пациент, без маска, видно изнемоштен, кашла. Велам “Ве молам ставете маска”. Температура 37.5°C.

Добивам: “Ај докторке немој со тие глупости, Швепс пиев многу вчера и јадев сладолед, од тоа ми е. Пиши една инекција да се опраам, утре сум на свадба”.




Додека процесирам да не случајно сум ја утнала лекцијата на Медицински факултет за тоа како Швепс и температура се тесно поврзани, му даваме маска, прегледувам и по 100 ти пат вечерта со колегите го повторуваме истото “Ве молам тестирајте се што поскоро, и никаде без маска”.




– “Аха, важи”. Отвораш прозорец. “…I got my Ni**as in Paris, and they goin’ gorrilas” И онака се слуша како DJот да е пред врата, си праиш мини-денс во себе додека се проветрува просторијата.




Ѕвони телефон. Итен повик. Трча екипата надвор, тргате веднаш. Со вклучени сирени, едвај проаѓате, или подобро кажано не проаѓате низ град затоа што не дај боже фраерите да не го прошетаат Maserati-то низ град од точка А до точка Б меѓу кои дистанцата е 500m преку сила.




И не дај боже да не се паркираш точно пред бутик. “Што има везе, ќе пројдат овие, има тротоар, може и ќе прелетаат, тамам си е.” Стигаш по 15 минути. Те чека, нормално, едно нервозно “Кај сте досега, вие брза помош сте или што сте?”




Пациентот со висока температура, ниска сатурација, едвај дише. “Нема Корона докторке, од климата му е”. Го подготвувате за транспорт, и се молиш дека до инфективно ќе ти се погодат улици со културни возачи.

Се враќаш во амбуланта, додека менуваш заштитна опрема ги слушаш колегите како пак кажуваат некому да стави маска.




Пак процесираш информации. Во амбуланта на брза помош во 2 наутро се доаѓа за болка во грло. “Без инекција не ми поминува, си знам јас најубаво, пиши сега еден Гарамицин и пола Дијазепам да спијам раат вечерва”.




Како супермаркет, само со бонус “не смееш да ме вратиш, тебе тоа ти е работа”. Се разбира, не даваме терапија без индикација, ама храброста да му кажеш на докторот што да ти пише е фасцинантна.

Музиката конечно е исклучена, здивнуваш. Гледаш Швепс во фрижидер и си викаш “Е не те пијам, nećeš ti meni температура и кашлица!”




И така. Добра ноќ и добро утро Гостивар, вчера 82, денеска колку?

P.S. Да не бидам погрешно сфатена, имаме и еден куп златни, разбрани пациенти, кои многу си ги сакаме. Ама тоа не е темата на статусов.“




Претходна статијаЦеца се подмлади, изгледа како девојче, љубовта ѝ годи, сите ѝ честитаат (ФОТО)
Следна статијаГолема тага во домот на Живкица Каленикова, засекогаш си замина драга личност