Голема тага во домот на Живкица Каленикова, засекогаш си замина драга личност

0

Живкица Каленикова, позната како Жилe e dobro познато лице на ТВ екраните долги години.




Таа својата кариера ја започна во Македонската радио телевизија каде што го “печеше” новинарскиот занает.

Години потоа, Живкица стана една од нашите најдобри ТВ новинари. Нејзина карактеристика е брзото зборување и течната мисла.




Таа има водено безброј музички емисии и има интервјуирано многу познати личности од разни области. Живкица се има покажано и како добар коментатор на Евровизија. Таа потоа почна да ја води емисијата Тунел која разработуваше социјални теми.




Нејзини соговорници таму беа стручни лица и обични луѓе, кои си имаат мака за споделување, а со тоа можат да им помогнат и на другите.

Живкица е сега сопруга на Зоран Калеников, познат македонски бизнисмен, кој е дел од авто индустријата. Неговата компанија, која е семеен бизнис, со години наназад е увозник на познати брендови автомобили.




Каленикова е мајка на три деца, Даријан, Марко и Ана. Во интервју за Фешнел, таа одговори на прашањето на што ја научило мајчинството.

– На максимална посветеност, одговорност, трпеливост, неизмерна и безусловна љубов, секојдневна инспирација, мала исцрпеност, но и на неверојатна моќ и сила да бидете полни со енергија тогаш кога ќе помислите дека сте преуморени“, рече Живкица.




-Навистина е сериозен предизвик и повторно ќе кажам, среќна сум што сум си сама себе работодавач и што проектот „Тунел“ оди преку мојата продукција „No Limits“, а тоа ми дава слобода да си го организирам времето како што ми одговара.




Пред сѐ во полза на семејството и децата кои секогаш ќе имаат предност, но исто така не дозволувам работата да трпи. Со добра организација мислам дека ако човек сака, може да постигне сѐ, и секако да има листа на приоритети како не би дошло до фрустрации“, изјави таа додека го водеше проектот “Тунел“.




Живкица е исто така одлична домаќинка и своите гастрономски вештини ги споделува со пријателите на социјалните мрежи. За неа, семејството многу значи.

За жал, семејството на Живкица не е веќе комлетно. Од овој свет си замина нејзината мајка, која Жиле ја испрати со овие зборови:




„Убавице моја, летај високо , светол да ти е патот . Ти беше светлина , љубов и душа широка како ничија друга  Дел си од мене засекогаш, дел од мене замина со тебе. Ми недостасуваш до болка. Те сакам до небото и назад Суки моја.

Претходна статијаДокторката од Брза Помош, Марија Спасовска, раскажа како изгледа ноќна смена на работа
Следна статијаБитолскиот професор Трајковски проговори за тестовите од аптека и кога може да се очекува врвот на овој бран