Во својот последен статус, коментирајќи го процесот против него и уште неколкумина кој се води под името „Плацеви на Водно“, поранешниот Премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот профил на социјалните мрежи меѓу другото напиша:
Ова е и дел од долгогодишната кампања и напори на Заев и СДСМ за мое оцрнување.
Ова е пример на власт која неспособна да испорача реални резултати со кои ќе се подобри животот на граѓаните.
Фокусирана е на оцрнување и прогон на оние кои покажале дека може и поинаку во однос на исполнување на ветувњата. На крајот, засега, да резимирам.
Со јазикот на обвинителот, некој ке рече. Ако е така како зборувам, да дојдам во судница ова да го докажам.
Јас нема така да постапам, но ќе кажам, жалам што на моја кожа ја осетив репресијата на власта, како многу пати во историјата кога се судело на личности меѓу кои и јас се препознавам, заради политички потреби, во случајот на Зоран Заев.
Јас знам дека на овој човек му е потребен и овој случај за да приредува забава во која се игра со човечки судбини.
Во немоќ денес обвинителот изнесе замислени факти кои не се ни тоа, не се ни доказ, ниту се обвинение за кривично дело, затајување, перење пари, уште помалку дека тие кривични дела се сторени од мене или било кое друго име, внесено во предметот за да се одглуми уште една “роља” од мега преставата што се вика Никола Груевски.“
Вчера пак, Премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање, спомена како власта планира да го врати Никола Груевски назад во земјата.
-Големо е разочарувањето и траумата кај граѓаните по блокадата на европскиот пат на Македонија, но земјата нема да бара алтернативи, вели премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Конфликтна зона“ на Дојче веле.
Сепак Заев вели дека е оптимист и дека се надева дека ќе се изнајде решение со доаѓање на новата влада во Софија.
Зборувајќи за Никола Груевски, Зоран Заев рече дека се бара легален начин за тој да се врати во државата.
На забелешката на новинарката дека Македонија падна на најниското место на листата за корупција на Транспаренси интернешнл и дека и понатаму стојат забелешките дека не се гони ткн. висока ко рупција меѓу поранешни и актуелни функционери, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, Заев објаснува дека тоа не е вистина.
„Унгарската влада му помогна на Груевски да избега од Македонија и му даде дозвола за престој во Унгарија, што според нас, се коси со меѓународното право. Ние сега бараме легален начин како да го вратиме назад за да си ја отслужи за творската казна“, рече премиерот Заев.