Ванковска: Цел ден чистам по дома, перам и некој се најде да ми праќа пораки и да ми се лути

0

Професорката Билјана Ванковска е прилично активна на својот профил на социјалните мрежи, каде ги коментира општествените настани од нашето секојдневие. Денес, таа се пожали дека нејзин фан и забележал што не коментирала за Сререница:




„Некој следач (со лажно име и кој не ми е ФБ пријател) ми пишува во инбокс да ми забележи дека ме почитувал и следел редовно, но сега сум го разочарала што не сум напишала ништо за Сребреница.




Погледувам на часовникот – нема ни пладне! Синоќа стасав од пат, цело претпладне средувам по дома, чистам, перам итн. – но, веќе имам минус затоа што некои сметаат дека 24/7 морам да реагирам на сите можни теми, јубилеи и настани…




Простете, ама и јас сум само обиќен човек и имам и право на лични приоритети. За Сребреница сум пишувала безброј пати и тоа во време кога малкумина ја спомнувале, работев на Иницијативата за РЕКОМ, напишав книга за Транзициската правда и помирувањето токму оваа година – но, ете, сум морала и на ФБ да напишам некој збор!




Инаку, го проверив профилот на овој што ми забележува – кај него ни збор за Сребреница! Ама, минусот е кај мене…

Да се разбереме: кога не стасувам да напишам нешто што вие го сметате за значајно, тоа не значи дека не ми значи или дека не сочувствувам или не сме на иста страна. Но, јас не можам да постасам – а искрено, ФБ не е толку сериозно место за сеќавање на ген -оцид.




Босанското и српското општество ќе морат да се соочат со тој дел од минатото, а ние се’ уште не сме ни дигнале глас за несанкционираните зл ост -орства од 2001 година и за оние исчезнати чии гр обо-ви не ги знаеме ни 20 години подоцна.




Значи, секој со својата „домашна задача“, а потоа и со симболички постови за туѓите нес реќи.“

Ванковска пред неколку денови проговори и за „квалитетот“ на македонските патишта:




-Како некој што имал возачка дозвола дваесет години, но искуство од само една година, сега можам да кажам дека сум солиден (и вистински) возач со поминати 5000 км. и една казна за брзо возење (60 км/ч не е некоја авантура ама полиција тренира строгоќу и полни буџет).




Ја поминав Македонија “издуж и попреко”, ги знам сите дупки по автопатите и другите патишта. Не дека порано не сум ги знаела овие факти, ама друго е кога се вози и внимава со “десет очи”. Да сум странец никогаш не би посакала пак да дојдам во оваа земја или би минувала транзит што побргу за да ја напуштам.

Сигурно не’ гледаат како земја од Третиот свет. Плус полициска држава која е присутна дури и на автопати (феномен невиден во ниту една западна земја, вклучително и Грција).




Третиот впечаток е од средбите со луѓето на наплатни рампи, кафеани, туристички инфо центри итн. Навистина бев зачудена што уште ме памтат, ме поздравуваат со насмевка и почит – а мислев дека штом те нема на ТВ не постоиш. Последната таква топла средба и разговор беше вчера на Куклици.




Наскоро ќе се испробам надвор од Македонија. Додека пак не почнал бранот параноја од ковид-19 и тоталитаризам…

Претходна статијаБебчето родено со само 800 грама по 62 дена си оди дома – голем успех на докторите од нашата позната болница
Следна статијаТешко на онаа жена која ќе се омажи за богат маж – еве зошто