Ване Цветанов до Груевски: Непочитуван Никола, тргни ги рацете од Македонија

0

Ване Цветанов денес, во статус на својот профил на социјалните мрежи му се обраќа на поранешниот Премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Поради експлицитноста на статусот, ние ќе ви пренесеме само делови од пораката на Ване Цветанов:




„Непочитуван Никола, од одамна престанав да се занимавам со тебе, бидејки мислев дека ти се допаѓаат гулашот, скапите вина и многуте хостеси во Будимпешта, па верував дека после толкаво мал терт ирање и уну штување на државата и граѓаните, ама искрено верував дека си кренал раце од Македонија…




…Ти Никола, продолжуваш да ги пикаш твоите раце и моќ за да правиш дополнителни зулуми врз граѓаните и државата…

…Знаеме дека многу те погодуваат моите зборови бидејки те читам, те читам Никола ама како првото твое букварче.




Нема да се занимавам многу со тебе, ако ги тргнеш твоите гнасни раце од Македонија, како што беше до сега… Ама гледам имаш амбиции да се наметнеш како неопходен, те читам како букварче дека се подготвуваш да се враќаш во Македонија, ама без судења.




Подготвуваш терен за општествена амнестија. Во кр ивично казненото право се изрекуваат санкции, со цел да се влијае на сторителот преку плаќање на грешката со з атвор, за да не му текне да ја повтори, а пред граѓаните се испраќа порака дека се казнува со затвор и ко нфискација на ук раде ното за таквите како тебе.




Ти избега како кукавица и не дозволи да си ја платиш казната. Избега како детиште од 13 години кое влегло во луксузен ресторан, јадело пиело и на крај преку прозор побегнало за да не ја плати сметката…

Тоа си ТИ Никола, КУКАВИЦА КОЈА ШТО БЕГА ОД ОДГОВОРНОСТ. За твојата глупава изјава околу судството ќе ти го кажам следново:




Судството се опорава бавно заради минираните позиции од тебе. Ќе признаеш ли Никола, колку минирања направи во законите кои што го регулираат судскиот систем?
Или сакаш јавно да ти ги кажам, ама на ТВ дуел, јас ќе дојдам во Будимпешта, не се плашам, како што НЕ СЕ ПЛАШЕВ ДОДЕКА ТИ 10 ГОДИНИ СЕ ЗАБАВУВАШЕ СО МЕНЕ, СО МОЈАТА СУДБИНА ПО СУДОВИ.




Како што се забавуваше и се кикотеше со уни шту вањето на илјадници судбини. Заборави на тефтерчето со Судии? Заборави на сваровски судството и судиите кои ТИ ГИ СТАВАШЕ? И од нив ли се плашиш?

Потоа Цветанов му порачува:




„Тргни ги рацете од Македонија Никола, или јас ќе ти ги тргнам, како што ги тргнав од неколку твои гнаси кои што ме нападнаа професионално… А допрва почнувам да чистам остатоци и гнасотии од тебе.




Прифати дека си минато. Тргни ги рацете од Македонија, за ние да не ти ги тргнеме, ама во твој стил, а знаеш дека боли кога добиваш показни вежби по уши…

Затоа, да не прочитам уште еднаш дека на последниот ќош, во најдлабокиот дел од левата хемисфера на мозокот ти дошло на ум враќање во Македонија.




Затоа што ние сме тука, оние со кои ти се забавуваше по судови… Јасно?

Целиот статус на Ване Цветанов можете да го прочитате ТУКА

Претходна статијаВо моментов големо невреме на Халкидики (ВИДЕО)
Следна статијаФилипче е јасен – не може сите да трпат затоа што некој не сака да се имунизира