Во моментов големо невреме на Халкидики (ВИДЕО)

0

Германија, Холандија Белгија и Австрија, деновиве се соочуваат со невидени дождови и поплави, кои однесоа и многу животи.




На научниците ќе им треба повеќе време за да проценат во која мера човечките постапки се причина за временските непогоди во Германија, но уште сега тврдат дека рекордните поплави се во склад со пошироките светски трендови.




Ублажувањето на последиците од климатските промени е едно од темелните прашања со кои се занимава Европскиот парламент. Во јуни 2021 година, со усвојување на европскиот пропис за климата.




Парламентот отвори пат за други амбициозни цели, намалување на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина во Европа за 55 проценти до 2030 година и постигнување климатска неутралност до 2050 година.




„Со климатските промени очекуваме сите хидрометеоролошки крајности да станат поекстремни. Иако бројките се поголеми од она што го очекувавме, она што го видовме во Германија главно е во склад со тој тренд“, рече Карло Буонтемпо, шеф на одделот за климатски промени на институтот за одржлив развој Коперник, во холандскиот Утрехт.




Во прилог на неговата теза оди и податокот дека седумте најтопли години, откако се мерат температурите, се случија од 2014 година до денес, а се смета дека таквото затоплување е предизвикано од издувните гасови од моторите, горењето на шумите и други човечки активности.




Компјутерските модели предвидуваат дека рекордите ќе се рушат сè повеќе и на сè повеќе места ширум планетата

Силно невреме завчера во попладневните часови го зафати поголемиот дел на Босна и Херцеговина, а поедини сообраќајници во Сараево, особено подвозницие, биле потопени.




Невремето проследено со обилни доѓдови и ветер им создало проблеми на возачите, пренесува порталот Кликс. Според податоците на метеоролозите, врнежи во БиХ се очекуваат и овие денови. За целата земја е издаден жолт метеоларм.




Невремето ја погоди и нашата земја. Дождот во одредени интервали во денот врне речиси цела недела, а на плажата „Оревче“ во Градиште се случи и немил настан. Удри гром во непосредна близина на плажата, при што имаше и пов редени летувалци.




Невремето не ја одминува ниту Грција, каде што има многу наши туристи кои го поминуваат својот летен одмот на популарните дестинации кај нашиот јужен сосед.

Наш читател ова утро ни испрати видео и фотографии од Ситонија, вториот крак на Халкидики, каде како што вели тој, се споија небо и земја!




-Утрово ништо не навестуваше ваков развој на настаните. Беше сончево и се подготвувавме да одиме на плажа.

Се наоѓаме на вториот крак, некаде помеѓу Торони и Сарти. Одеднаш, за само неколку минути се смрачи, како да се споија небо и земја и започна да врне силен дожд.




Грција пред неколку години се соочи со силно невреме летно време, кога водата носеше инвентар од кафеаните и возила по улиците.

Да се надеваме дека овој пат нема да биде така и ќе помине само со краткотрајно невреме.

Претходна статијаКога сите се откажаа од мене а лекарот ми го соопшти крајот, единствено Исус ми подаде раце и ме избави од болеста
Следна статијаВане Цветанов до Груевски: Непочитуван Никола, тргни ги рацете од Македонија