Пак се огласи Велевска откако кажа дека децата не се со неа: Битно ми е да ми растат во здрава средина, за разлика од онаа која што беше во нашиот дом

0

Елена Велевска е една од нашите најпопуларни пејачки со години наназад во фолк музиката. Таа е актуелна поради своите песни и изглед , но последниве години и по разводот со охриѓанецот Маријан. За бракот таа зборуваше дека се обидела да го спаси, но не успеала.




Велевска е мајка на три деца и за „Бекстејџ“ изјави дека откако се развела, таа живее во Прилеп од каде што потекнува, а нејзините деца се со поранешниот сопруг во Охрид.

Во прилогот кој „Бекстејџ“ го објави на 12 јули, Велевска рече дека сега е многу потешко нејзиниото гледање со децата. „Многу е потешко сега моето гледање со децата, бидејќи тие се во Охрид, јас сум во Прилеп.




Но, ете така се одлучи донекаде, не е ништо завршено со нашето судење, но можеби најодбро, за да не се прават стресови на децата да останат, бидејќи се израснати во Охрид, секогаш ја гледаме и со мојот сопруг најдобрата страна за нив, бидејќи јас и тој повеќе не сме во прашање, многу поубаво функционираме разведени отколку во брак.




Можеби и тоа била формилата за успех, и секогаш ќе гледаме за нивно добро. Факт е дека ние имаме три деца и многу е поубаво да останаме во добри односи отколку да се нарушуваат односите, бидејќи кажав дека има многу побитни животи отколку мојот и неговиот.




Само да си ги поздаравм Софија, Марко и Калија бидејќи многу сакаат да ги поздравам кога ќе бидам на емисија, еве нека бидат поздравени, да им кажам дека многу ги сакам, многу ми недостигаат.

Сега имавме родендени, Калија направи осум години, Марко наполни 12 години, и колку што можеме се гледаме почесто, мама оди секогаш кога има слободно време кај нив, или пак тие одат во Прилеп, и така го надополнуваме целото време.




Нивна маала и другарчињата се нестрпливи да ме видат, и сега кога бев пред некој ден викаат: мамо, сите сме среќни што ти ја гледаме колата тука, и од кога не си била кај нас, еве нека бидат и сите другарчињата поздравени, бидејќи знам колку соработуваме и колку им недостаигам во Охрид.“, рече Елена.




По овој прилог, се крена голема фама, па Елена Велевска ја покани екипата на „Бекстејџ“ на снимањето на новиот спот кој се одвива на интересна локацвија според снимките кои ги гледавме, на пруга кај Драчево.

Новинарот сепак пред да зборуваат за спотот ја праша за нејзиниот брак со Маријан кој неодамна заврши и за децата велејќи дека поретходниот прилог на таа тема станал вирален и на оваа тема постојано се зборува.




Новинарот праша: Дали се одземени децата, кој плаќа алиментација, и која е вистина околу сето ова? На ова Велевска одговори:

-Мене веќе не ми е битно тоа, битно ми е децата да ми растат во здрава средина, за разлика од онаа која што беше во нашиот дом, така што се е во нивни интерес. Јас никогаш не сум правела проблем.




Се е ефитно јас викам, кога може да се покрие со финансии, и битно е да имаме напредок за тие деца, и мене старателството не ми е одземено.

Но, овој период сме во Охрид, децата се со мене, и сега ќе заминеме во Турција на одмор, заедно со мојата сестра и со мојата внука.




Се надевам дека ќе си поминеме незаборавно како и лани што си поминавме и воопшто не е битно да се те-паме за нешто што е наше, барем така јас размислувам, и треба да се најде една мирна солуција за тие деца, да бидат понатаму здрави личности и успешни на мама.

За да се заштитам себеси, непотребно е да се фокусирам на она што се пишува, бидејќи секогаш се пипувало и добро и лошо. Јас сум јавна личност и сум се помирила да се носам со тоа и кога ме понижуваат и кога се гордеат со мене.




И сите оние што плукаат сфатив дека први доаѓаат да се сликаат со мене и да се најгорди на мене.“, рече Велевска.

Претходна статијаТрифун Костовски објасни зошто се гради во Општина Илинден, колку е поевтино таму од Општина Аеродром
Следна статијаАва Керш икогаш не го заборави Пепи Бафтировски, со тага сподели што ја врзува за него (ФОТО)