Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во последно време постојано ги коментира потезите на неговиот наследник на градоначалничкото место, Стефан Богоев.
Дали Стевчо планира повторно да се кандидира на оваа позиција, останува да видиме. Тој на почетокот на јули, на својот профил на социјалните мрежи напиша:
„Гледам градоначалникот на Карпош има дадено интервју за Вечер и меѓу другото го прашале кои се најголемите проекти кои тој ги изработил во изминатите 4 години?
Неговиот одговор е, градинката во Бардовци и доградба на градинката во Тафталиџе 2 – Мајски цвет. Арно ама кога сум ставал камен темелник на градинката во Бардовци во септември 2017-та година беа присутни новинари..
Некој од нив ја извадил снимката кога положувавме камен темелник заедно со претседателот на совет Сашо Лазаревски и останати граѓани и во моето обраќање велам дека тој проект го работевме 2,5 години.
Додека пак доградбата на град Мајски цвет во Тафталиџе и договорот со фирмата изведувач Инженеринг Груп од Тетово сум го потпишал на 22 септември 2017 година.
Значи еден месец пред Стефан Богоев да стапи на должност. Новинарот убаво образложува што се е потребно да се изгради една градинка:
Треба проект; Истиот да се ревидира; Да се обезбедат средства во програмата за изградба; Средства во буџет; Да се предвиди во планот за јавни набавки;
Да се распише јавна набавка и по завршување на сите процедури да се потпише договор со изведувачот и да се воведе во работа.
Да појаснам, за да почнеш да градиш градинка во септември во претходниот ноември кога се усвојува буџетот и програмите на совет тие пари да ги обезбедиш а претходно да изработиш проект да го ревидираш.
Заборавив да напоменам дека и за изработка на проектот и негова ревизија мора да спроведете јавна набавка. Најкраток временски период за оваа работа е од 18 до 24 месеци.
Ова покажува дека Стефан Богоев не учествувал во ниту една од овие оп ерации, туку тој овие проекти ги набљудувал како статист и сега немајќи што да каже вели дека тој ги градел. Ај што ги градел туку смета дека тоа му се најголемите проекти.
Е Стефанче, Стефанче. Гледаш ли како брзо ти пројдоа четири години. ‘ Години поминати во лага дека ќе го градиш Партизан-4, ќе правиш два базени, ќе правиш парк покрај кејот на Вардар.
На крајот дојдоа луѓето да те прашаат што направи за овие четири години? Да кажеш ништо не направив, те разбирам срам ти е. Да кажеш ги довршував проектите на Стевче и тоа ти е срам. На можам до крај да те разберам и затоа најлесно ти е да излажеш.
п.с. Се извинувам заборавив! Изградил и адреналински парк. Пак лаже, му изградија адреналински парк од Европска Унија и сега вели тој ни ми е потребен ќе го дадам под кирија.
Ако не ти требал зошто си барал да ти го градат или поедноставно кажано зошто не побара да ти направат градинка во Средно Нерези, па да биде само твоја фалба. Тик Так, Тик Так, Тик Так… Ѓав олот доаѓа по своето…“
Деновиве Стевчо Јакимовски со нова опаска кон Богоев:
„Се побројни се коментарите дека мојот наследник во Општина Карпош Стефан Богоев не направил ништо.
Јас овде морам да застанам на негова страна и да го оправдам зошто не направил ништо.
Резултатите му се околу нулата од причини што претходно се му е направено и реално човекот немаше со што да се покаже…“ напиша меѓу другото поранешниот градоначалник на општина Карпош.