Се бара откажување на настапите на сите музички ѕвезди од странство

Откажување на настапите на сите музички ѕвезди од странство, кои по разлабавувањето на мерките за заштита од вирусот се редовни гости кај нас, бараат од Здружение на естрадни уметници на Македонија.




Од раководството на ЗЕУМ за ,,Фокус” раскажуваат дека додека во соседните земји се откажуваат настапите на музичарите и се зајакнуваат мерките бидејќи пандемијата забрзано се шири, посебно на такви, поголеми собири, не е во ред ние, како што велат, да ги прибираме, и со тоа да си дадеме автогол.




Бараат поддршка од власта, но и од сопствениците на локали, како и од граѓаните, да покажат совесност и да не ги иницираат и поддржуваат овие настани, поради здравствен аспект, но и поради финансиски, бидејќи парата, наместо да се врти дома, се излевала надвор од земјава.




-Ние, како раководство на Естрадата на Македонија бараме да се откажат сите гостувања на странски музички изведувачи! Бараме поддршка и од властите за ова барање бидејќи сметаме дека е потребен ваков чекор од повеќе аспекти -морален, здравствен аспект и економски.




Навистина не гледаме логика во гостувањата на странски, а најмногу балкански пејачи во ваков период, кога нашите македонски пејачи и групи со нетрпение чекаа да се отвори можност за настапување,




пред се да ја обноват конекцијата со македонскиот народ, да се вратат во функција, бидејќи е изгубен и континуитетот, а со тоа и капацитетот на работа, а нормално и од финансиски причини- во име на музичарите од земјава раскажува претседателот на ЗЕУМ, Горјан Стојановски.




Додава дека и при последниот бран на корона вирусот, имавме слично сценарио, кога во Македонија гостуваа голем број на регионални пејачи, а сцени на кои се гледаше непочитување на мерките се објавуваа на социјалните мрежи.

Потсетува дека токму поради овие настани, порано од очекуваното била донесена забраната за жива музика, на штета на домашните изведувачи.




-Во време кога нашите соседи им ги откажуваат настаните на познатите балкански ѕвезди, бидејќи пандемијата се шири забрзано токму на нивните забави, навистина не е во ред ние да ги прибираме и да си дадеме автогол како што се случи и минатиот пат, кога порано од очекуваното се воведе забрана за настапи токму поради забавите организирани од приватни локали со балкански изведувачи и без почитување на било какви протоколи.




Ситуацијата е добитна од повеќе аспекти, со дадените илјадници евра на балканските пејачи може да се ангажираат повеќе наши заедно со нивните музички и танчерски групи и со тоа финансиите да останат кај наши граѓани, газдите на локали со повеќе македонски ѕвезди би го правеле истиот промет како и со една балканската ѕвезда, и на крај избегнуваме ризик од побрзо ширење на вирусот со тоа што сите тие доаѓаат од некои претходни масовни забави заедно со нивните екипи.




Апелираме и алармираме до сите свесни сопственици на локали и сите совесни граѓани да не ги поддржуваат и иницираат овие настани за да можеме заедно да ја уживаме и одработиме сезоната како што е предвидена, со надеж дека веќе ќе немаме застој во работењето- велат од ЗЕУМ.




Целиот текст прочитајте го на Фокус

Претходна статијаГруевски: Комунизмот падна – ќе дојде време и ќе паднат и оние нивни наследници
Следна статијаБети Канческа проговори за 27 април и за колегите на кои денес им беше соопштена пресудата