Пред малку Заев објави – со Ахмети се договориле за претстојните локални избори, ќе одат како коалиција

0

По обелоденувањето на анкетата на Брима, на прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ рече:




-Анкетата на Брима докажува дека граѓаните ги препознаваат исправните, државнички политики на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев. СДСМ има стабилно водство пред ВМРО-ДПМНЕ, а заедно со коалицискиот партнер Беса коалицијата „Можеме” има сериозно водство кое постојано расте..




Истовремено, со храбрите, визионерски и државнички одлуки, претседателот Зоран Заев ја има убедливо најголемата доверба од граѓаните. Претседателот Заев има повеќе од двојно поголем рејтинг од Христијан Мицкоски.

Оваа анкета е потврда дека СДСМ го има најдоброто, потврда дека е силен фаворит на претстојните локални избори.




Истовремено, оваа анкета е потврда дека граѓаните не ги поддржуваат дес труктив ните, пог убни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не му веруваат на Мицкоски затоа што знаат дека тој не може да донесе никаква промена, знаат дека тој не може да ја реформира ниту сопствената партија.




Граѓаните знаат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да враќаат пари назад, затоа што тие 11 години само гр абаа од граѓаните, а како опозиција се противеа на секоја мерка што значеше повеќе пари за семејствата.

Затоа на претстојните избори на ВМРО-ДПМНЕ им следува нов, силен пораз од граѓаните.




Граѓаните знаат дека со СДСМ се сигурни развојот и напредокот, знаат дека СДСМ го има најдоброто за секоја општина, најдоброто за државата и масовно ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води напред кон сигурна иднина.




Пред малку на својот профил на социјалните мрежи, лидерот на СДСМ и Премиер, Зоран Заев, објави дека постигнале коалициски договор за заеднички настап на следните избори со Али Ахмети:




-Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Се договоривме дека СДСМ и Демократската унија за интеграции заедно ќе настапат на претстојните локални избори.




Заедничка ни е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.

Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба.




Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг.

Согласни сме дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори.




Претходна статијаКатица Јанева ќе бара одложување на одењето во Идризово
Следна статијаПрезвитер Бобан Митевски со трогателни зборови се прости од Архимандритот Методиј кој служеше во Русија