Катица Јанева ќе бара одложување на одењето во Идризово

0

Обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, пред речиси една година во Основниот суд Скопје 1 ја дал својата одбрана. Колку што помниме, тој во почетокот на неговото излагање зборуваше и за неговите први средби со специјалната обвинителка Катица Јанева која е второобвинета во предметот “Рекет”.




„Сум разговарал со Катица Јанева за многу работи, за љубовни проблеми зборував со неа, ја прифати без проблем мојата сек суал -на определба која во целиов процес им е проблем на други, и кога ме при твораа, и еден премиер ме нарече јавно еден пе дер, ама за тоа подоцна ќе зборувам.




Со Јанева имав пријателски однос затоа што таа беше непосредна жена. За конкретен предмет односно Империја не сум разговарал со неа. Јас ја запознав во септември а тој предмет се видел една година претходно. Овој предмет е направен за спас на Јордан Камчев и за рушење на СЈО, како и за уривање на 1ТВ“, рече Јовановски.




Тој им се обратил на обвинителката Вилма Русковска и на Судот, посочувајќи дека штета е што не е дозволено вештачење на неговиот мобилен телефон, затоа, како што рекол самиот тој, нема ништо избришано од него.




„Без вештачењето на мојот телефон јас тука во судницата играм танго бос – метафорично зборувам. Ако со некого разговарам за килажа, мода и љубовни проблеми, не можам како цивил да вршам претпоставено влијание врз обвинителка која дрма и тресе.




Катица Јанева беше многу резервирана во давањето на информации и имавме опозитна состојба во која јас сум бил директно брифиран од Вилма Русковска кога ќе испитува и ми бараше да пуштам новинар.

Русковска имаше амонизет кон Катица Јанева“, рече Јовановски денеска пред Судот, и додаде дека „обвинителниот акт е рекла-казала“, продолжи Јовановски.




Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева ќе бара одложување на издржувањето на седумгодишната затворска казна, најавуваат од нејзиниот адвокатски тим откако вчера Апелацискиот суд ја потврди првостепената судска пресуда за случајот „Рекет“.




Со таквата одлука на Апелација, која освен за Јанева, ја потврди затворската казна и за Бојан Јовановски – Боки 13, со што пресудата стана правосилна.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, за „Фокус“ вели дека ќе поднесат вонреден правен лек до Врховниот суд, но и дека кога ќе го добијат упатниот акт, ќе побараат одложување на издржувањето на за тв орска казна.




Сепак, Фрчкоска се уште не може да каже врз основа на што ќе бараат одложување бидејќи пресуда се уште ја немаат официјално добиено и веста за одлуката ја слушнале од медиумите.




Според процедурата, Апелација треба да ја достави пресудата до Кривичниот суд, а судија за извршување на санкции да им испрати упатен акт на осудените за тоа кога да почнат да ја издржуваат затворската казна.

Тие имаат право на поднесување на вонреден правен лек до Врховен, кој нема да го одложи издржувањето на затворската казна, а по добивањето на упатниот акт имаат право да побараат одложување на издржувањето на истата.




Двајцата осудени се во домашен притвор, а од Кривичниот суд најавуваат соопштение за тоа каква е процедурата за издржувањето на казната затвор конкретно за овој случај.

За случајот „Рекет“ Јовановски е осуден на 9 години, а Катица Јанева на 7 години за твор. Боки 13 е осуден за примање награда за противзаконско влијание и за пе-рење пари, а поранешната шефица на СЈО, Јанева, за з лоупотреба на службената положба и овластување.




Обвинителството го гонеше Јовановски дека земал 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, за да заедно со Јанева го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“ кој го отвори СЈО.

Во случајот обвинет беше и Зоран Милевски Кичеец, кој по признание на вина беше осуден на три години затвор. Главен сведок во случајот „Рекет“ беше Камчев кој сега исто така е во притвор и му се суди за „Плацевите на Водно“, случај кој е дел од големата истрага „Империја“.

Апелацискиот суд ја носи пресудата по повеќе од една година од изречената првостепена пресуда која беше соопштена на 18 јуни минатата година, а обвинението за случајот беше поднесено на 10 октомври 2019 година.

Претходна статија(ФОТО) Лазе Бараков ги спакува куферите и летна за Германија – дали овој пат билетот е во еден правец?
Следна статијаПред малку Заев објави – со Ахмети се договориле за претстојните локални избори, ќе одат како коалиција