(ФОТО) Лазе Бараков ги спакува куферите и летна за Германија – дали овој пат билетот е во еден правец?

0

Еден од најознатите наши актери, Лазар Бараков, многумина и ден денешен го препознаваат по улогите во македонските народни приказни каде беше еден од омилените ликови.




На приватен план, Лазар Бараков е среќен и горд татко на три деца, кои не продолжија по неговите стапки, но сепак се успешни личности и пред сè добри и воспитани луѓе.

Лазар во едно интервју откри дека никогаш со сопругата не се мешале во желбите на нивните деца и дека секогаш во животот ја имале нивната поддршка.




Лазар Бараков е роден во Мокрино, Струмичко и долги години беше еден од омилените ликови во Македонските народни приказни, заедно со Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски.




-Актерството за да го работам, не ми било како мисла, дека во животот морам да бидам само актер. Актерството ми било врежано подсвесно уште од предшколските детски игри, кога од љубопитност кон пишаниот збор сум научил да читам уште пред да тргнам на училиште, сум имал достапност до разна постара и нова литература и така тие типажи, ликови, се врежани во мене.




Како дете сум имал желба се’ да бидам и затоа во мојот живот сум пробал секакви работи, глумата сум ја чувал во тајност , за ако не успеам за не бидам за подбив од моите. И затоа се’ чував во тајност, сè додека не се појавив во еден бугарски филм како ученик во Софија.




Тогаш моите беа изненадени, оти знаеја дека сум на медицина (каде што бев само три дена). Само татко ми беше среќен и ми посака еден ден да го играм Сандански, негова омилена историска личност.




Во Македонските народни приказни бев ногу години, повеќе од дваесет прекрасни години. Мојот животен и професионален пат е трнлив. Свесен сум дека во животот не сум смеел да имам желба и да ми биде остварена. И затоа сум се потпирал на некаква интуиција, нешто потсвесно што ме води напред, изјави во една прилика Бараков.




-Интересни анегдоти има многу, како во “Стариот ерген” каде Ванчо го игра скржавиот ерген и не сака да се жени за жена која ќе јаде леб и ќе му прави многу трошкови.

Арно ама другарите му најдоа жена која нема да јаде леб, таман се договорија и главниот стројник кога рече за свадба во недела, ергенот Ванчо веднаш извика; Нема свадба, вујчо ми Бараков три пати се женеше еднаш свадба не направи, не може (демек јас сум бил поскржав од него) , а тоа е импровизација на лице место и така останува во приказната..




Бараков има прекрасно петчлено семејство, заедно со еговата сопруга и трите деца. Македонка е психолог, Викторија има завршено архитектура, а Александар е се уште студент.

-Моите чеда, сите поседуваат талент за глума.. но ги советував да не тргнуваат по тој пат, неизвесност, зашто многу е тешко да бидеш артист а да не добиеш слава. Тие како мали беа дел од некои приказни, сега Македонка е психолог, Викторија е архитект, Александар е уште студент и се бара уште во животот, работи уште врз себе…




Актерот Лазар Бараков изминатата година се оствари и во улогата на дедо. Тој доби внук од неговата ќерка Македонка.

„Убав е овој свет, денес станав вистински дедо. Има ли поголема радост и божја милост да го доживее секој човек овој чин. Денес е голем ден, ни се роди првото внуче Стефан“, напиша тој.




Токму поради ова, веднаш по почетокот на оваа година, со својата ќерка Викторија замина за Германија.

-Внучето Стефан, не чека на гости,… Висбаден, Германија.




Тој потоа се врати, а летово на гости му дојде и внучето. Но вчера, Бараков повторно објави фотографија од скопскиот аеродром. И повторно најави дека оди за Германија. Дали има повратен билет во џебот, или ќе си остане во Франкфурт, останува да видиме.

Претходна статијаАпасиев до Џафери: Ако до 14 часот ги нема на маса амандманите на Левица, викнете си обезбедување
Следна статијаКатица Јанева ќе бара одложување на одењето во Идризово