Митко Јанчев и Мицкоски се сликаа заедно во Кавадарци (ФОТО)

0

По внатрепартиските несогласувања, во периодот околу референдумот 2018 година, Митко Јанчев беше разрешен од функцијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.




Во еден период тој бараше оставка од Мицкоски и покажуваше амбиција да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Во последните месец дена, и Мицкоски и Јанчев имаа јавни настапи во кои порачаа дека е потребно партиско единство и обединување.




Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, кој беше и потпретседател на партијата, синоќа заедно присуствуваа на партиски настан со кавадарчани..




Станува збор за одбележување на јубилеен роденден од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, а на една од фотографиите кои ги објави Мицкоски во првиот ред со него е и Јанчев. Во пораката која ја напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со оваа објава, порачува и дека е потребно обединување.




„Вечерва на одбележување на јубилеен роденден од формирањето на Општинскиот Комитет Кавадарци. Говорев за потребата од обединување против злото, за иднината и потребата да се бориме за промени.




Не се сите исти, и не смееме да дозволиме да се задоволиме со просечни или потпросечни работи. Способни сме за големи чекори напред, имаме план, визија и сигурни политики кои ќе ја донесат, гарантираат и обезбедат“.




Дека е моно да дојде до помирување, најави Јанчев во гостувањето на „Студио 10“ на ТВ24 на почетокот на јуни, рече дека ја интензивирал комуникацијата со Мицкоски, како и оти очекува да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат во Кавадарци.




„Јас како Јанчев ќе ја барам довербата на кавадарчани, во уште еден мандат. Мислам дека ќе бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Секој можен противкандидат кој може да направи за Кавадарци, би дозволил да има дискусија, не би именувал никој.




Не мора да се каже дека ако некое име се врти сега (Наќе Чулев), не значи дека тој ќе е противкандидат за градоначалник. Јас не верувам дека има шанси ВМРО-ДПМНЕ да не ми ја даде довербата.

Мислам дека партијата треба да се соедини, да направиме добри резултати на наредните локални избори. Разликите во мислењето треба да го ставиме на страна, за доброто на граѓаните.




Имаше моменти кога имавме послаба комуникација со Мицкоски, но сега имаме поинтензивна комуникација.

Од раководството не сум слушнал да ме критикуваат дека сум одработувал за власта, никогаш не сум работел против партијата, во иднина сакаме нормализирање на соработката во сите општини, без разлика кој ќе е во централната или локалната власт“ изјави тогаш Јанчев.




Неколку дена подоцна и Мицкоски имаше изјава дека кавадарчани се задоволни од тоа што го сработил градоначалникот и не ја исклучи можноста тој да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.




„Логично е да имаме различни мислења и некогаш да не се согласуваме и да коментираме за тоа, но тоа не треба да се прави јавно бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е голема сложена структура и логично е да имаме различни размислувања со поединци. Но, се седнува, се аргументира и се излегува со компромис, рече мешу другото Мицкоски во интервју за „Вечер“.

Претходна статијаТешко и е, децата не се со неа – Елена Велевска ја отвори душата како никогаш до сега (ВИДЕО)
Следна статијаВелик везиру, фараоне, Честити Царе: Вака Апасиев му се обрати на Талат Џафери (ВИДЕО)