Тешко и е, децата не се со неа – Елена Велевска ја отвори душата како никогаш до сега (ВИДЕО)

0

На почетокот од минатата година, фолк пејачката Елена Велевска откри дека и покрај сите обиди и напори да го спаси бракот, се разведува од сопругот Марјан.




Во 2018 година првпат се појавија написи дека пејачката се разведува од сопругот. Таа тогаш откри дека овие пишувања се вистина.

Меѓутоа, како што истакна пејачката по долги разговори со сопругот одлучиле да му дадат уште шанса на нивниот брак. Сепак, на крајот двојката стави крај на нивниот заеднички живот и сега се во коректни односи.




Велевска објаснува дека со поранешниот сопруг секогаш ја гледаат најдобрата страна за нивните деца.

„Јас и тој не сме повеќе во брак. Многу подобро функционираме разведени, можеби тоа било и формулата за да секој биде среќен.




Факт е дека ние имаме три деца и заради нив подобро е да отанеме во добри односи. Сепак има поважни животи од мојот и од неговиот“, искрена е пејачката.

Велевска пред неколку години го обвини Мирчески за семејно нас илство. Тој, пак, подоцна тврдеше дека Елена има нарушена здрав ствена состојба и дека е опас на за околината.




Во февруари минатата година најави дека ќе направи сѐ што може да ѝ помогне, но и дека до крај ќе се бори за старателството над нивните три деца.

Елена и Марјан беа повеќе од десет години во брак. Велевска го запозна Мирчески на една од нејзините турнеји во Австралија. Ѝ се случила љубов на прв поглед, раскажа таа во едно интервју.




Марјан, покрај трите деца со Велевска има возрасни ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.

Елена Велевска деновиве за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека веќе се развела и дека нивните три деца Софија, Марко и Калија живеат во Охрид со нивниот татко.




Познатата фолкерка призна дека не живее со своите три деца Софија, Калија и Марко кои ги има од бракот со бизнисменот Марјан Мирчески.

Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа откри дека потешко оди гледањето со децата, бидејќи тие се во Охрид, а таа е во родниот Прилеп.




„Не е ништо завршено со нашето судење, но за да не се прават стресови за децата, бидејќи се израснати во Охрид, секогаш ја гледаме најдобрата страна за нив, бидејќи јас и сопругот повеќе не сме во прашање и функционираме подобро разведени, отколку во брак.




Секогаш ќе гледаме за нивно добро, бидејќи имаме три деца и многу е поубаво да останеме во добри односи“ – искрена беше Елена.

За осумгодишната Софија вели дека е најнавлезена во музичките води и е поталентирана од неа“, а талент постои и кај Марко и Калија.




„Таа сега беше на еден натпревар и освои второ место. Исто така беше избрана и за мисица на тој натпревар. Многу бев горда на наградите кои ги донесе.

Моментално работиме на тоа да оди на часови по музичко, кај неа постои талентот, а Бог таков талент дава еднаш на 100 години.




Таа е поталентирана од мене. Ќе гледам секој слободен талент да го насочам кон нејзе бидејќи навистина вреди да се инвестира во децата, иднината ја гледам во нив“, вели пејачката.

 

Претходна статија(ФОТО) Брена и Боба во Мајами живеат во најобична куќа стара 70 години
Следна статијаМитко Јанчев и Мицкоски се сликаа заедно во Кавадарци (ФОТО)