Ѓорѓи Спасов распали по Слави: Невиден шутрак кој врска нема од ништо

Вчера, лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ”, Слави Трифунов, изјави дека ќе аплицира за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција и ќе испрати маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА, а со нив ќе испрати и „северномакедонски астронаут“.




„Ќе поднесеме апликација за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција затоа што само Бугарија не членува таму. Ќе направам се’ што е возможно, да испратам маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА.




Ќе направам се’ што е возможно кон нив да се присоедини и еден северномакедонски астронаут. За да не гледаме надолу во земјата, од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре, кон ѕвездите“, изјави Слави Трифунов кој денеска најави формирање на влада.




Неговиот политички противник, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов порача дека тие не се занимавааат само со НАСА и астронаутите.

„Бугарин и северномакедонец во вселената – вака се случува Војна на ѕвездите“, се пошегува поранешниот бугарски премиер.




Засега трката меѓу Трифунов и Борисов по изборите е неизвесна. Според пребројаните 98,92 гласа, партијата на Трифунов има 23,91 отсто, додека ГЕРБ на Борисов – 23,69 отсто.




Тоа значи дека разликата меѓу нив е само 5.908 гласа. Според Уставот, претседателот Румен Радев треба да му го даде мандатот на победникот, а доколку тој не успее да обезбеди мнозинство мандатот оди кај второпласираниот, па кај дел од останатите партии.




Трифунов, претходно, во видео обраќање најави дека ќе формира експертска влада, без да фигурира во неа и без да коалицира со ниту една партија.

На изјавата на Трифонов реагираа многу политичари и аналитичари во МАкедонија. Со реакција на својот профил на социјалните мрежи, се јави и професорот Ѓорѓи Спасов:




„Влада на “Ку-Ку мајко Блгаријо” Слави Триуфонов е невиден шутрак кој појма нема од политика. Тој може да состави само влада која ќе се вика како неговиот бенд ” Ку- Ку” мајко Блгарио”.




За сега лета само со умот во вселената ама набргу бугарските граѓани ќе почнат да викаат Аман Ку-Ку од него , Леле што направивме и ќе го лансираат таму без подршка од НАСА.




Можеби во право бил Тодор Живков. Тој барал да го закопаат со лицето кон земја. Кога го прашале зошто, тој одговорил. Кога ќе видат Бугарите какви политичари ќе дојдат по мене ќе сакаат газот да ми го бакнуваат.




Слави е доказ дека Живков бил во право.До сега се зафркаваше со сите во државата. Сега доби шанса да се зафркава со цела држава. Комичарите како него не сакаат никој да ги сфаќа сериозно. И ние така треба да постапиме.




Да не го сфаќаме сериозно господинот Ку -Ку мајко Блгарио, од денес и Бугарин паднат од марс во политиката.“

Претходна статијаСефер направи гала журка за роденден, Перо Антиќ објави детали (ФОТО)
Следна статијаСања Николиќ откри на кого му чува грб (ФОТО)