Сефер направи гала журка за роденден, Перо Антиќ објави детали (ФОТО)

0

Еден од нашите најпознати бизнисмени, Сефер Цановски, Сопственикот на првиот приватен Универзитет ФОН, сега веќе Американски универзитет на Европа (АУЕ) зборуваше за конкурентноста на пазарот.




„Не е коректно кога државата ги користи своите ресурси за да креира нееднаквост на пазарот, државата е должна да ни овозможи еднакви можности и третман на сите високообразовни институции“, вели во интервју за „Фокус“, Сефер Цаноски.




Цаноски нагласува дека нивната цел е да се промени перцепцијата во јавноста дека приватните универзитети се супермаркети за дипломи и на него да студираат најдобрите, а не најбогатите студенти, изјави Цаноски во Фокус минатата година.




Во мај во 2018 година, познатиот бизнисмен и сопственик на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, се ожени со Сезен Бас.

Сефер и Сезен направија свадба гламурозна свадба за многу гости во Истанбул, Турција. Тогаш, тој објави дел од свадбената фотосесија на својот Фејсбук.




Под фотографиите на кои позира со Сезен облечена во невестински фустан, тој и порача да танцува со него до крајот на животот, како што велат стиховите на хитот од Леонард Коен.




Сезен е од Турција, и во една приика, за „Фокус“ раскажа како се запознала со Сефер. Тие двајцата се запознале сосема случајно, на една од улиците во Таксим, каде тој пиел кафе.

Раскажуваат дека им се случила љубов на прв поглед и како била вистинска среќа што се пронашле во 20-милионскиот Истанбул.




„Никогаш не мислев дека ќе се омажам, ниту пак дека ќе раѓам во Македонија. Но, ете, животот е непредвидлив. Наскоро го очекуваме раѓањето на нашето девојче, настан поради кој сме многу возбудени“, додаде Сезен.

За Цановски ова е втор брак. „Драго ми е што бременоста на Сезен минува во најдобар ред. Моите две деца, Каан и Каја се многу радосни што ќе добијат сестричка. Каја како постара дадичка посебно е возбудена, црта, пишува, планира како ќе ја чува и со нетрпение ја чека“, изјави тој претходно.




Директорот на „ФОН Универзитет“, во јануари годинава, стана татко по четврти пат. Сефер на социјалните мрежи ја сподели радосната вест со своите пријатели и роднини објавувајќи дека станал татко на ќерка.

Ова е второ дете на Цаноски кои го има со сопругата Сезен. Од неговиот претходен брак со Лејла Рамковска, ќерката на Велија Рамковски, Сефер има две деца.




Цаноски е актиебн на социјалните мрежи и неодамна објави дека е горд што слави уште дипломирање на сѕудените од неговиот Универзитет. Но, тој често споделува и пријатни работи.

Негов пријател е кошаркарот Перо Антиќ. Во една прилика, Антиќ зборуваше за тоа како стасал до НБА.




Едноставно, сите сме исти, без разлика што работиме. Едноставно, треба секој да да се почитува“, рече Антиќ. Перо рече дека се изненадил кога го поканиле во НБА, затоа што имал 32 години и не сакал да „му закуцаваат помлади“, како што рече..

„Знаеш кај нас како е, прва тема на маса, ако те закуца. Спонтано излезе и не сакав да бидам еден од тие што имале шанса да отидат а не отишле“, изјави Перо.




Цаноски наполни 40 години и направи гламур забава кај него дома. Објави видео како се слави на најјако и напиша: 40 ка. Со моите најдраги. Да сте сите здрави и живи још година 100 Sao roma babo dalje.

А стори од журката објави Перо Антиќ кој бил меѓу гостите. На сликата се голеда убавата атмосфера на забавата.

Претходна статијаМајката и ќерката заработија 250.000 евра од реално шоу, а ќерката уште работи како келнерка
Следна статијаЃорѓи Спасов распали по Слави: Невиден шутрак кој врска нема од ништо