Ги разреши ли конечно Филипче дилемите околу евентуалните нови мерки?

0

Во текот на вчерашниот ден потврден е уште еден случај на Делта варијантата кој се наоѓа во болницата во Велес, а се чека резултат за уште четворица пациенти, ќе ги имаме денеска.




Ова денес го изјави Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција со новинарите при посета на Клиниката за неврохирургија каде ќе се изврши иновативна хируршка метода „вградување стимулатор на нервот вагус”.




„Сите четворица се лекуваат овде во Скопје, а еден од нив е со потешка клиничка слика и е на респиратор, другите се со стабилна состојба.




Скринингот кој се прави на тестовите се прави на сите тестои и ја исклучува бристанкската варијанта, доколку покаже дека не е бруистанската варијанта се прави секвенционирање за да се покаже присуството на Делта варијантата, а тоа сега се прави кај овие четири пациенти и до вечер ќе ги имаме резучлтатите“ рече Филипче.

Филипче нагласи дека ако овие четири случаи се потврдат, ќе бидат осум случаи во земјава кои не се поврзани меѓу себе.




Овие пациенти не биде вакцинирани, а засега не е познато дали патувале во странство.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека ситуацијата со Ковид-19 е стабилна и дека нема потреба од воведување на нови мерки.




„Политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините. Сега кога ги има и кога се достапни акцент треба да се стави на процесот на вакцинација. Гледаме дека и Англија, иако има нови случаи, се попуштаат мерките. Да не живееме затворени, туку да се вакцинираме масовно“, изјави Филипче.




Повеќе земји ги следат податоците за делта сојот, Англија ги укинува мерките
Тој најави дека од понеделник почнува теренска вакцинација и вакцинирање на граѓаните без закажување.




Филипче исто така рече дека е можно да се очекуваат нови мутации на вирусот и дека секој следен бран треба да го „дочекаме подготвени“ со масовна вакцинација.

Според податоците на Министерството за здравство досега во земјава се аплицирани вкупно 652.680 дози вакцини, а ревакцинирани се над 243 илјади граѓани.




Филипче додаде дека во лабораториите во земјава не е регистриран нов случај на делта сој освен постојните, но дека во лабораторијата на МАНУ има четири случаи кои треба да бидат секвенционирани, а се суспектни на јужноафриканскиот сој.




Во моментов во земјава има 160 активни случаи на Ковид-19, од кои 58 се во главниот град Скопје.

Претходна статијаЈорданка: Никој никогаш не ме прашал, а сакам да кажам – кој ми го стави надимакот ЈОЦИ
Следна статијаБиба Додева објави слика со својот партнер за танц (ФОТО)