Јорданка: Никој никогаш не ме прашал, а сакам да кажам – кој ми го стави надимакот ЈОЦИ

0

Јорданка Ивановска Јоци е една од најпознатите наши новинарки, со извонредно високо влијание, особено на политичките текови, последните месеци се „занимава“ со работата на скопскиот Градоначалник Петре Шилегов, објаснувајќи зошто тој не треба да бара и да добие втор градоначалнички мандат.




Во два свои поста неделава, Јоци пишува:

„Прво ги цементираа дрвјата на Кеј, а потоа, во доцни часови – со хилта го кршеле цементот! А, за тоа време, Град Скопје и #Шилегов уште немаат службено соопштение до јавноста што се случува во нивните глави и зошто беше фрлен цемент на старите дрвја.




После оваа кат астр-офа, изгледа треба некој со дрегер (алко-тест) да ги проверува работниците 24/7 дали и колку имаат алкохол во крвта, вклучително и вработените во Градско собрание. Пошто, ова на кое сведочи јавноста, веќе сериозно не е нормално.




За реконструкцијата на Кеј 13 Ноември, Шилегов, ќе плати ℹ 1,5 милиони евра, секако наши пари. И вели вчера чУеков – цементирањето на дрвјата било грешка на изведувачот! Жифти тебе, баба Петро?




Ја мислам, несреќо, за 1,5 милиони евра кои ги трошиш за толку мал простор кој веќе беше уреден со инфраструктура – ти си најголемата грешка во прикаскава со цементираните дрвја. Никој друг.




И општо, system error за Скопје, нешто кое наесен треба да се исправи на избори. А, парите и квадратите и квалитет на плочки, ќе ти мериме – откако ќе завршиш.“

Интересно, Ивановска вчера откри кој и го дал популарниот надимак по кој сите ја препознаваат – ЈОЦИ:

„Никој, никогаш не ме прашал зошто луѓето, веќе 30 години ме викаат ,,Јоци”. Можам слободно да кажам и дека тоа нешто, кое е веќе бренд, има своја прикаска.




А, заслужна за тоа е другарка ми од средно Елена Стојанова – Чадиковска. Нашето другарство трае многу долго, би рекла од прошли живот.

Туку…едноставно на неа и` беше премногу сложено ,,Јорданка” и во прва средно, додека седеше на клупа и зевавме меѓу часови, реши да ми го скрати името во – Јоци.




И оттогаш за сите бев – како што таа реши. Само Јоци. Потоа и` стана досадно што сите така ме викаат, па ме прекрсти во – Јола.

Денешниов ден, 9 јули, во минатото се славеше со журки, со диска, со многу смеење, итн…откако нè навасаа проблеми, намаливме со роденденски журки. Никогаш не сум и` го честитала јавно роденденот на моја Елка.




Еве, сега можеби е правиот момент. И песнава не е случајна…и Џим Кер е роден на 9 јули, а и двете го сакаме. Денес кога и` се јавив и` реков, онака детски – ,,а бе, на когооо денеска му е роденден, аааааа?”




Среќно, Ело. Знам дека не си тип за фејсбуци, се вклучуваш еднаш годишно, ако не заборавиш во меѓувреме пасворд, но секако ќе ти пренесат колку те сакам! Не дека не знаеш…




А, стварно долго пливаме заедно…и уште толку!“

Претходна статијаКолозова: На кој идиот му текна дека полнолетно лице, лична карта треба да вади со родител
Следна статијаГи разреши ли конечно Филипче дилемите околу евентуалните нови мерки?