Филипче во Охрид објасни што е патриотизам: Нашиот јазик и историјата не се на продажба

0

СДСМ денес одржа трибина во Охрид, граѓанска трибина на СДСМ насловена како ,,НАЈДОБРОТО за нашата општина”. На трибината зборуваше охридскипот градоналник Константин Георгиески.

Горд сум што како локална и централна власт покажавме решителност, вистинска волја, капацитет и подготвеност да се соочиме со проблемите и да започнеме со средување на наследените катастрофални состојби.

Конечно ставаме крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас, а продолжуваме и понатаму во реализирање на активности за отстранување на сето она што е спротивно на законите и прописите.“, изјави тој неодамна.

На трибината зборуваше и Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски кој изјави:

– Пораките од Преспа форумот потврди колку е голем рејтнигот и меѓународната позиција на државата. 11 години ниту некој доаѓаше од странство, ниту пак нашите државници некаде одеа, бевме излорана и заробена држава. Од друга страна, она што денес го гледаме е реализација на сон на многу генерации.

Денеска гледаме со каква почит се однесуваат едно светски државници, од Вашингтон, од Берлин од Париз, од Лондон, каде што само во последниот месец беше и нашиот премиер Зоран Заев. Благодарение на храбрите одлуки, ја остваривме стратешката цел и станавме земја членка на НАТО со заштитен идентитет.

И тука, од Охрид уште еднаш ќе испратиме порака дека македонскиот иденитет, македонскиот јазик којшто го заштитвме, ниту е ниту ќе биде предмет на преговори, ќе ја продолжиме интеграцијата во ЕУ само со заштитен идентитет и јазик“,к објави СДСМ на своката веб страница.

– Заедно успеавме да ја вратиме слободата, демократијата и правдата, го отворивме патот кон ЕУ и НАТО, конечно дојде генерација која со храбри одлуки, со силни чекори ги направи клучните успеси за државата, заклучи Николовски.

На трибината зборуваше и потпретседателот на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче. Тој нагласи дека е горд на поголемите плати на здравствените работиници.

-Во среда ќе биде пуштен во употреба реновираниот базен во Костозглобната болница во Охрид, кој е водечки здравствен центар за костозглобни заболувања во цела поранешна Југославија.

Тој нагласи дека ни се потребни инвестиции во туризмот, земјоделството, ИТ системот, во градењето на силна економија, која може да ја издржи секоја криза.

Така ќе продолжиме по патот на осовременува на нашата држава, за младите тука да ја гледаат својата иднина, нагласи Филипче.

Тој зборуваше и имунизацијата како предизвик за сите: „Ве молам разговарајте со сите ваши блиски, укажете им дека мора да се вакцинираат. Здрава нација значи здрави граѓани, здрав работен потенцијал. Ние во овој период интензивно работиме на правосудството заедно со нашиот стратешки партнер САД. Нема веќе заштитени луѓе.

Патриотизам значи силно здравство, правосудство и економија. Нашиот јазик и нашата историја не се на продажба.“, рече Филипче.

Фото: sdsm.org.mk

Претходна статијаТијана се пресели на море, еве зошто таа е една среќна жена (ФОТО)
Следна статијаСашко Коцев и Никола Ристаноски заедно на забава (ФОТО)