Битолскиот професор им предложи на властите што да им кажат на aнтивакcеpитe

0

Професорот по Механика од Битола, Дејан Трајковски излезе со најнова анализа на бројките од Британија, со кои се добива малку појасна слика околу Делта сојот, кој претендира да стане доминантен насекаде.




Тој проговори и за антиваксерите, кои се обидуваат да ја нарушат имунизацијата и им предложи на властите како да се справат со нив:

„Изгледа дека ќе мораме да се помириме со намалената ефикасност на вакциите (не само кинеските) против симптоматски ковид. За среќа, другата ефикасност (наречена уште ефективност) против смртен исход сé уште добро се држи.




Да не навлегуваме во пресметките на ефикасноста коишто секој не ги разбира, но ајде да ја видиме пресметката на стапката на леталитетот (процентот на сите поч инати од бројот на дијагностицирани) во Велика Британија од појавата на Делта сојот (25.05.2021) до денес.




Бројот на дијагностицирани за 41 ден изнесувал 6836 на милион жители, а бројот на починати за 41 ден (но временски поместен за 14 дена во однос на интервалот на дијагностицираните, заради временскиот интервал од заразувањето до смртниот исход) изнесувал 13 на милион жители.




Стапката на леталитет во Велика Британија во време на Делта сојот при постоечкиот опфат со вакцинација изнесува 13/6836 = 0,19%.

Да се потсетиме, во Македонија стапката на леталитет од почетокот на епидемијата до денес, без вакцинација и без Делта сојот изнесува 3,52%. Ова е прилично повисока вредност во однос на Велика Британија дури и пред вакцинацијата.




Што постигнуваме со вакцинацијата? Како прво, ги намалувае шансите да се заразиме. Второ, ако се заразиме ќе поминеме полесно. Тие што без вакцина би се упокоиле, со вакцина ќе поминат само со хоспитализација, а тие што без вакцина излегле живи од болница, со вакцина ниту би влегле во болница.




Како невакцинирани дијагностицирани имаме 11% шанси да стигнеме до болница. Ако влеземе во болница, како невакцинирани имаме 28% шанси да се упокоиме во македонските болници (стапка на болнички леталитет, сме ја виделе тука пресметката порано). Има извесен број поч инати и во домашни услови, па така доаѓаме до споменатиот леталитет од 3,52%. Но, со вакцини го намалуваме ризикот за цели 18 пати (3,52%/0,19%).




Кога би бил на местото на здравствените власти, познавајќи го менталитетот на нашето население (коешто е недоверливо кон секоја власт) не би вршел ниту агитација за вакцинација, ниту би вовел задолжителна вакцинација.

Само би ги оставил линковите до сајтовите на Министерството за здравство и ИЈЗ Скопје, каде би биле истакнати овие пресметки. Па кој сака да се коцка со веројатноста, слободно може да го прави тоа, нема да се (раз)убедуваме.




Всушност, власта тоа суптилно и го прави. Кога велат дека „единствениот начин да се справиме со Делта сојот е вакцинацијата“, тие на културен начин всушност им порачуваат на антиваксерите:




„Немаме намера да се убедуваме со вас, не се вакцинирајте, забавувајте се и патувајте колку што сакате, не се тестирајте, не пријавувајте контакти и шетајте заразени наоколу. Ви донесовме вакцини и ви кажавме што треба да направите, ама вие сето тоа го фрливте под нозе.




Возрасни сте, имате разум и самите одлучувате, ама утре ако се разболите ќе ве лекуваме колку што можеме и знаеме во македонски услови. Заради вас нема да ја жртвуваме ни економијата ни удобноста на другите луѓе што се поразбрани од вас.




Од денеска, каква ви глава – таква ви капа. Тоа што сте си дробеле – тоа и ќе сркате. Нека ви е Господ на помош!““

Претходна статијаФилипче е јасен – не може сите да трпат затоа што некој не сака да се имунизира
Следна статијаЌерката на Харис Џиновиќ не престана да провоцира, пејачот е видно вознемирен, а мајка и се стави во одбрана