Албанците секогаш ОБЕДИНЕТИ кога се работи за нивни интерес

0

Опозицијата, по предлог на ВМРО ДПМНЕ, бара да се одредат „црвени линии“ наспрема Бугарија со усвојување Резолуција во Парламентот, со која оваа опозициска македонска партија бара да се почитуваат ‘ставовите на македонската наука околу автохтоноста на македонскиот народ и за неговиот историски, јазичен и културен континуитет’.




Но и владината Демократската Унија за Интеграции и опозициските Алијанса за Албанците и Алтернатива не поддржуваат ниеден документ што го загрозува патот кон ЕУ и кој ги нарушува добрите меѓусоседски односи.” – пишува во статијата под наслов “Освестувањето и соработката на албанските партии” на агенцијата на албански јазик ИНА, која ја објавува весникот “Лајм”.




“Лајм” пренесува: “Алијансата на Албанците даде добар пример со неподдржувањето на интерпелацијата на македонските партии против претседателот на Парламентот Талат Џафери, кој зборуваше на албански јазик во Брисел.

Пратеникот на Алијансата Халил Снопче кажа дека е неоснована причината за интерпелацијата против Џафери и оти тие нема да ја поддржат.




Според Снопче, опозицијата има многу забелешки кон Џафери, но во конкретниот случај албанската опозиција оценува дека употребата на албанскиот јазик од страна на Џафери не претставува основа за интерпелација против него.”




Натаму во статијата на ИНА се наведува: “Во ист ден албанските партии искажаа обединети ставови и што се однесува до Резолуцијата предложена од опозициската ВМРО ДПМНЕ за определување ‘црвени линии’ наспроти Бугарија преку Резолуцијата, која треба да биде поднесена на усвојување во Собранието.




ВМРО-ДПМНЕ бара да се почитуваат “ставовите на македонската наука во врска со автохтоноста на македонскиот народ и за неговиот историски, јазичен и културен континуитет’. Албанските партии, и Демократската Унија за Интеграции која е дел на Владата, и опозициските партии Алијансата на Албанците и Алтернатива се изјаснија против Резолуцијата.




Тие велат дека ‘не поддржуваат ниеден документ, што го загрозува патот кон ЕУ и кој ги нарушува добрите меѓусоседски односи.”

ИНА пишува дека “соработката меѓу албанската опозиција и позиција се забележува и околу законот за државјанство, каде што Демократската Унија за Интеграции кажа дека ќе ја поддржи оваа иницијатива на Алијансата и на Алтернатива” и заклучува:




„Овие политички случувања се добар сигнал дека албанските партии можат да имаат единствени ставови за албанската кауза и околу случувања, кои не се однесуваат на дневни политики.




Во иднина тие ќе водат меѓу себе силен политички натпревар, но изгледа дека се мобилизирани против злонамерните политики кон Албанците.”

Извор: Експрес мк




Претходна статијаАтиџе ЗАПЕА – слушнете колку добро го прави тоа во спотот кој го снимија со Турунџиева (ВИДЕО)
Следна статијаСо парите од седмицата ќе купат стан на внучињата: Марјана ја раскажа приказната на семејството кое доби на лото