Посредниците преку кои Македонци за пари побрзо добивале Бугарски пасоши, сега се соочуваат со уште една санкција

0

Она што со години се шушкаше, дека преку посредници може побрзо да се дојде до Бугарска патна исправа, пред не неколку години, по акцијата на Бугарските власти, се  покажа како точно.

Меѓу шестмината Бугари кои вчера американскиот Стејт Департмент ги стави на најновата црна листа се и двајцата поранешни функционери на Државната агенција за Бугарите во странство, Петар Харалампиев и Красимир Томов.

Тие се обвинети дека организирале шема за земање мито за издавање бугарски пасоши на Македонци. Двајцата се кадри на ВМРО-БНД на поранешниот вицепремиер Красимир Каракачанов.

„Денеска, го објавуваме јавното означување на поранешните бугарски функционери Александар Манолев, Петар Харалампиев, Красимир Томов, Делјан Славчев Пеевски, како и актуелниот бугарски функционер Димитров Желјазков, поради нивна вклученост во значителна корупција.

Манолев, Харалампиев и Томов, како заменик-министер за економија, директор на Државната агенција за Бугари во странство и генерален секретар на Државната агенција за Бугари во странство беа вклучени во ко руптивни дејствија со што го поткопаа владеењето на правото.

Не само тоа, туку и довербата на бугарската јавност во владините демократски институции. Тие го користеа своето политичко влијание и моќта што им ја носи функцијата за да остварат лична корист“, се вели во соопштението на портпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс.

Со оваа одлука на Стејт Департментот, на Харалампиев и Томов, како и на нивните семејства им е забранет влез во САД.

Двајцата беа уа псени во 2018 година, како дел од акцијата на бугарската полиција против раководството на Државната агенција за Бугарите во странство, преку која што се издаваат државјанствата.

Судењето почна дури две години подоцна, во септември 2020, но поради пандемијата на коронавирус судскиот процес е во застој.

Обв инети за земање мито, просечно по 1.000 евра, при издавање уверенија за бугарско потекло се поранешниот директор на ДАБЧ Петар Харалампиев, тогашниот генерален секретар Красимир Томов, кај кого во сеф беа најдени 285 илјади евра, и уште двајца.

Уверението за бугарско потекло е клучен документ потребен за добивање бугарско државјанство и според обв инението понекогаш се издавало и експресно, т.е. истиот ден.

Претходна статијаЛепа Брена каква што никој не ја знае, не личи на себеси (ФОТО)
Следна статијаВчера влегов во 9 месец и дознав дека сопругот ме изневерува – не знам што да правам