Д-р Горан од Германија налутено го пренесе своето искуство при обидот да се слика за пасош во Минхен

0

Неколку доктори од нашата земја, особено се истакнаа во изминатите петнаесеттина месеци, со објаснување на сите аспекти од вирусот на граѓаните.

Еден од оние кои тоа го правеше од дијаспората е д-р Горан Трајковски од Скопје, живее и работи во Германија. Доктор Горан има многу следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, каде на пластичен начин, разбирлив за граѓаните, објаснува многу заболувања со кои се среќаваат луѓето.

Од почетокот на пандемиската криза, многу Македонци во дијаспората се соочија со еден проблем, кој не е од здравствена природа. Имено, на многумина кои им беа истечени пасошите од матичната држава, не можеа да ги обноват.

За овој проблем уште лани, а и оваа година, предупреди Хелена Роза од Нов Зеланд. Неодамна, Министерот за надворешни работи Османи рече дека важноста на патните исправи ќе биде продолжена до крајот на годината, но останаа недоречености како тоа ќе функционира на граничните премини.

Доктор Горан во вчерашното видео, раскажува за непрофесионалниот однос на вработените во македонската амбасада, при закажан термин за фотографирање за македонска патна исправа:

„Тоа што примија други пред мене и ме оставија да чекам 30 минути не ни замерувам. Тоа што господинот ми се обрати на шалтер со “Еј!” како да сме на пазар, ќе го заборавиме..

Тоа што годподинот Алиу се претстави како главно одговорно лице во амбасадата иако на документот што ми го издаде стои друго име не ми е важно.

Тоа што не добив шанса да разговарам со одговорното лице бидејќи е на состанок го разбирам. Тоа што на поштенското сандаче има печатна грешка и што знамето што се вее е искинато и обледено ќе го преболам.

Тоа што ми го ускрати правото на анонимност и читаше на глас пред останатите не ми е важно (иако го замолив да почекаат пред врата, одговорот беше – не одлучувам јас кој каде чека) … Не е важно.

Но! имам маил од амбасадата во кој добив термин за сликање денес во 11 часот. Ќе биде објавен јавно. Земав слободен ден, организирав замена на работа, патував до овде.

Поради нечија неписменост јас не сакам да плаќам. Барам од амбасадата во Минхен да превземе одговорност и да ми ги надокнади трошоците од изгубениот ден на работа, бензин и психички стрес.

А, да. И навреда. Господинот Алиу откако ја напуштив просторијата на следните кои имаа термин рекол “трае подолго бидејќи си има работа со разгалени” тие ме следат на инстаграм па ми кажаа.

Не драги мои, не сум разгален, само барам доза професионалност“, напиша доктор Горан. Како е можно, после две години немање контакт со македонски шалтери, да се случува истото?

Кој сега мене ќе ми го надокнади изгубениот ден од работа, изгубеното време и пари, прашува доктор Горан во видеото кое можете да го погледнете ТУКА

Претходна статијаОва е внуката нa Цеца, убава на тетка (ФОТО)
Следна статијаНаш новинар и прокоментира на Брена: Ај Лепа Брено досадна си, народ нема леб да јаде, а ти се сликаш кај си ждригнала, го претера веќе