Бујар со одлична вест за нашите граѓани во дијаспората

0

Граѓаните од Македонија кои живеат во дијаспората, од почетокот на пандемиската криза лани, се соочуваат со голем проблем. Оние на кои им истекла важноста на патната исправа, не можат да извадат нова. За ова неодамна информираше некогашната водителка Хелена Роза:

„Драги мои ФБ знани и незнани другари. Ќе ве замолам да одвоите 1 минута од вашето време и да се потпишете. ПЕТИЦИЈА.

Апел до Мак. Влада – решение за издавање на документи за Македонците од дијаспората. Зоран Заев, Оливер Спасовски Бујар Османи.

Ги замолувам исто така Македонските новинари и медиуми да информираат за овој сериозен проблем , на кој наидуваат Македонските граѓани кои што живеат надвор од Македонија на привремен и постојан престој.

Оваа иницијатива е покрената од страна на повеќе или помалку засегнати – без пасоши- граѓани на Македонија кои во моментов живеат, работат или учат во Нов Зеланд.

Проблемот за жал не е само за овие Македонци, туку е присутен низ целиот свет, и вадењето на патна исправа или било каков и да е документ, преставува вистинска голгота и макотрпна процедура, која во нормални услови трае со месеци, а понекогаш и години.

Со ковид пандемијата за жал проблемот е уште поголем , т.е без решение како овие граѓани и дали воопшто ќе имаат валидна патна исправа. Ве молам за потпис и доколку не ви е проблем споделете. Благодарам.

Таа потоа отвори и петиција на Change.org и замоли за поддршка со цел решавање на овој проблем:

„Повеќе од 1000 граѓани – државјани на Република Македонија, поради ситуацијата со ковид – пандемијата, не се во можност да извадат нови пасоши.

Оставени на милост од страна на Македонската Влада, која до ден денес не покажува ни малку интерес за решавање на овој сериозен проблем.

После неколку без успешни обиди да се најде решение за овој проблем, и никаков одговор од страна на Македонските институции, решивме да ја покренеме оваа петиција со надеж дека ќе допре до Македонските власти.

Петицијата има за цел да се најде и обезбеди брзо решение, со кое би се решил овој проблем во најбрз можен рок.“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа на социјалните мрежѓи сподели информација која ќе биде од корист на нашата дијаспора:

„Одлична вест за нашите граѓани во странство. Собранието на Република Северна Македонија тукушто ги помина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021.

Со тоа конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

Продолжуваме понатаму и со проектот за е-конзулат, со мобилни базни станици, со кои наскоро целосно и долгорочно ќе го затвориме прашањето за издавање патни исправи во странство“, напиша министерот Бујар Османи.

Претходна статијаКристина откри како успева да изгледа така добро и што научила од пандемијата (ФОТО)
Следна статијаВодителот Ненад проговори за проблемите со здравјето: Се чувствував како да стареам пред време