Зоки Фаци удри по Гарванлиев и по шефицата на делегацијата: Го имитираш Боки 13, а тебе нозете ти се како балван

0

Во Ротердам се одржа свеченото отворање на 65-то издание на Евровизија, на кое продефилираа сите земји учеснички на изборот за најдобра песна во Европа.

Нашиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев, за ваквиот настан избрал интересна модна комбинација со уникатен детаљ.

Тој се појавил облечен во долг црн елек, црни панталони и блуза, а на главата носел круна направена од неколку парчиња огледало.

Гарванлиев на својот Инстаграм профил споделил и неколку фотографии од церемонијата, објави Точка.

„Официјално започна. Колку убаво патување досега и конечно имам прилика да запознаам некои од артистите.

Ти благодарам Евровизија за овој прекрасен настан“, напишал пејачот под објавата.

Васил за официјалниот сајт на Евровизија го открил значењето зад круната од огледала.

„Огледалото секогаш ја открива вистината, без разлика дали таа е добра или лоша“, изјавил тој.

Новинарот Зоран Василевски познат како Зоки Фаци е познат по тоа што своето мислење за пејачите го искажува јавно и знае да ги чепне оние кои му згрешиле или не му се допаѓаа, а дел од нив беше и Влатко Лозаноски- Лозано.

-Влатко Лозановски, детето има глас, прашај го и него кога ќе ти биде гостин, првото интервју му беше со мене, му го договори Ерик Фокс од Антена 5, Влатко ми дојде како да паднал од небо.

Моето интервју со него беше буквално вака: Да, Не, Да, Не. И тоа не се измени, еве колку години е на сцената, има убави песни, хитови му ги слушаат песните, ама Влатко Лозановски ја нема таа ѕвезда која би го направила број еден, вокално да но…

Знаеме сите дека девојка му го откачи, избега за друг во Турција, ние го бараме за изјава, не знам, шо знам, појма немам, не крева на телефон, и ден денес се гледа со нејзе тајно но никој не го објавува тоа”, рече Зоки во интервју со јутјуберот Лазаров.

Порталот muzika.24.mk потоа објави дека Лозано по оваа изјава го одследил на Инстаграм. На ова, Зоки очигледно се налутил, па му возврати со видео порака која ја објави истиот портал. Во видеото, Фаци вели:

– Тоа покажува еден карактер. Тоа покажува дека Влатко е исфрустриран што не може да биде Тоше Проески.

А знаете зошто не може да биде? Затоа што нема таква ѕвезда“, вели Фаци.

Сега, тој го нападна Гарванлиев за круната, а ја спомна и шефицата на македонската делегација на Евровизија.

„Добра нога држи шефицата на нашата делегација. Народно кажано балван“, напиша Зоки Фаци на Инста стори.

Потоа, објави слика од Васил и од новинарот Јелмаз Дервиши и напиша: Принцеза и бараба. Јелмаз од Тетово и Гарви. Во видео, тој ја искоментира круната на Васил.

– Васил Гарванлиев вчера носел круна. Сака да го имитира Боки 13 кој носеше круна на еден настан.

Само што круната на Боки е од Долче & Габана и чини 10.000 евра. А Васил, ти од кај си ја купи круната, од Базаро или од онаа продавница за играчки?“, изјави Зоки Фаци.

Фото: Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаСи имав дечко во село, ама моите запнаа да ме омажат во Германија
Следна статијаПорасна внуката на Есма Рецепова, прослави полнолетство (ФОТО)