Цеца комплетно го смени имиџот, фановите воодушевени (ФОТО)

0

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, по подолг временски период, на јавноста и го претстави своето ново момче Богдан Срејовиќ, со кого е во врска веќе некое време.

Цеца одлично се сложува со наследничката на Богдан, ќерката од неговиот претходен брак, Искра.

Бидејќи и двајцата не сакаат скијање, деновите на крајот на јануари ги поминуваа на Копаоник играјќи на снегот.

Многумина со ентузијазам ја дочекаа веста дека Цеца е вљубена, бидејќи пејачката долго време не го коментираше својот емотивен живот.

Ражнaтовиќ е вдовица скоро две децении, а во меѓувреме немаше сериозна врска.

Судејќи според фактот дека таа е многу често со своето ново момче, дека ги запознало неговото семејство и ќерка од првиот брак, се чини дека оваа врска е сериозна.

Иако Цеца се обидува да го скрие својот приватен живот од очите на јавноста, медиумите ѝ го следат секој чекор.

Неодамна, се појави фотографија од нејзината младост на Инстаграм, каде позира со нејзината мајка Мира.

На сликата и двете се облечени во црно и имаат кратка коса, па многу обожаватели на фолк дивата коментираат дека Цеца многу личи на нејзината мајка.

„Иста мама“, „убави жени“, „убава мајка, и ти исто“, се само дел од коментарите на споменатата фотографија.

Она што, исто така, никој не можеше да го пропушти е големата насмевка на лицето на пејачката, по која и денес е препознатлива.

Цеца во една прилика откри дека оваа слика е наpравена во едне посебен момент, кога таа од мајка си го добила највредниот животен совет, а советот се однесувал на љубовта.

Пејачката повторно реши малку да ја смени фризурата и ги воодушеви сите со својот нов изглед!

Цеца се пофали на социјалните мрежи од салонот, а потоа и од својот автомобил. Иако не го снимаше лицето, таа покажа трендовска фризура.

Таа сега има шишки, но и многу подолга, права коса. Таа не ја смени бојата на косата, но остана верна на бринетите, иако неодамна се зборуваше дека ќе стане русокоса поради сликата што ја објави.

По нејзината ќерка Анастасија, која исто така експериментираше малку со својата коса, популарната пејачка се реши на овој чекор и не погреши, бидејќи обожавателите се воодушевени. Цеца неодамна беше вакцинирана на Белградскиот саем.

Фото: Инстаграм принстскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаСлаткар објави каков е неговиот резултат по брзиот тест на вирусот
Следна статијаСАД вчера ги укина маските за имунизираните – Претседателот Бајден ја објави веста (ВИДЕО)