Трифун Костовски: Во текот на следната недела ќе ги наведам сите до еден сомнителни профили

0

Познатиот бизнисмен и добротвор, Трифун Костовски, во последните месеци е особено активен на социјалните мрежи. Тој во својот последен статус вчера, најави дека сака да ги разоткрие сите оние кои со некаква цел му доаѓаат на „гости“:

„До сите мои пријатели на Фејсбук,

Почитувани пријатели сакам да ја изразам мојата благодарност што заеднички се отворивме едни кон други со цел подобро да се запознаеме и убеден сум дека во иднина уште подобро ќе се запознаеме и дружиме.

Јас верувам во вас и би сакал и вие да ми верувате. Моите намери за појавување на социјалните мрежи беа токму мотивот да го запознаам мојот сограѓанин.

Да научам повеќе за вас и за вашите животни патишта. Маките да ги споделуваме и да си помагаме, а радостите да ги славиме и да се радуваме.

Морам да споделам со вас и факт дека во последно време на моите социјални мрежи ми се појавуваат профили на таканаречени пријатели кај кои преовладува говорот на омраза, омаловажување и ширење невистини.

Јас можам само да претпоставам дека тие луѓе во голем процент одработуваат нечија агенда плашејќи се дека можам да дојдам до вистината за ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, а и да се појавам на политичката сцена.

На политички план имам што да понудам на мојот народ, бидејќи сето животно искуство зад мене ми ја дава таа сигурност.

Ги молам непоканетите пријатели кои сакаат на нечесен начин да ме дискриминираат да си заминат од моите социјални мрежи.

Ги повикувам моите вистински пријатели да не влегуваат во комуникација со овие непоканети пријатели, бидејќи иако ги оставам да се искажат на моите социјални медиуми и не ги бришам, сметам дека не се за респект.

Во текот на следната недела ќе ги наведам сите до еден сомнителни профили со цел заеднички да дознаеме која им е целта. Имајте убав викенд пријатели мои.“

Претходна статијаЗдравко Чолиќ конечно прозборе за сопругата Александра
Следна статијаДац искрено си кажа: Скарани со комшиите, скарани на работа, скарани по дома